После низата скандали за јутјуб сцената и Латас, овој пат Ферус Мустафов беше гостин кај јутјуберот Стефан Лазаров каде зборуваше за својот живот, како на приватен така и на професионален план.
Емотивен беше моментот кога Ферус го спомена неодамна упокоениот виртуоз на хармоника Милан Завков со кој долги години заедно поатувале по турнеии и го делеле што се вели и залакот а не само собраниот бакшиш.
Ферус се обиде да говори за својот пријател кој за жал не е повеќе меѓу живите, но едноставно немаше сили… и емоциите го совладаа, па пушти солзи…..
ЕМОТИВНИОT МОМЕНТ Е НА 41:30