Пишува м-р Слободан ТОМИЌ
Американскиот романописец и раскажувач Колдвел, своевремено рекол: “Добрата влада е како добар дигестивен систем: Сè додека добро функционира, никој не ја забележува!“
Се прашуваат ли, каков им е дигестивниот систем на Македонците, по род и државјанство македонската власт, меѓу нив дигестивниот хирург Бујар Османи? Сигурен сум: Не!
Актуелната власт воопшто не е заинтересирана за народот и државата, освен за своите сметки и полни портмонеа.
Кога, пишувам за дигестијата да го потсетам дигестивниот хирург или неписмениот шеф на, македонската дипломатија Бујар Османи, како што негодува народот.
Народот прашува:.. Османи дали ја, прочита воопшто историјата?
Имено, министерот за надворешни работи со желби за просперитит и успех го честита „3 Март“ кој е национален празник на Бугарија како ден во кој е основана Сан Стефанска Бугарија која ја опфаќа и Македонија и која имаше краток рок на траење.
Исто така не може да, се изостави и заборави поданичката или,, предавничка предлог идеја на, Османи дадена, на, бугарскиот претседател Румен Радев на 9 мај 2022.
Тој без, око да, му трепне му предложил на, Радев зошто да, не ги вметнеме Бугарите во македонскиот устав исто како што се вметнати Албанците, и тоа асиметрично?!,, Непристоен или предавнички,, предлог негодува, народот!
Народот додава, вакви,, багра влада, или власт, дали би ги прифатила “дигестијата” на, ЕУ?!
Напалеон во една прилика, пак, рекол: “Повеќе вреди војска магариња предводена од лав, отколку војска лавови предводени од магаре!“
Од вистината не се бега, има срам и покајание. Ова е време на покајание и барање прошка. Месец март е месецот на ксантика, старомакедонско празнување кое почнало да се слави пред 3.000 години. Според старомакедонскиот календар, почетокот на годината се совпаѓал со есенската рамнодневица и прв месец бил Диј (октомври). Оттаму, првиот пролетен месец Ксандик (март) бил празнуван како благослов за животот кога разбудената пролетна светлина ја победува зимската темнина. Ова е потсетување како се празнувало месецот март или месецот на простувањето и новиот живот! А, каков живот мисли власта да му понуди на македонскиот народ?
Први март или денот на новиот живот, Македонците и државата го дочекаа без леб! Ова е дното, или дното на дната. Од друга страна, народот живее во вистински хаос. Истиот хаос владее и во здравството, образованието, економијата, надворешната политика…
За жал, веќе седум години политиканти не замајуваат со ветувања за подобар живот, кои никогаш да ги има! За изминатите седум години имаме нови 4,6 милијарди евра нов долг или свилен гајтан околу вратот на народот. Од 1991 до 2016 година Македонија должеше 4 милијарди евра. Од 2016 година марионетската влада ја демонтира државноста по сите основи…
Останува изјавата на американскиот дипломат заменикот-помошник државен секретар, Габриел Ескобар, со став на САД до актуелната влада и коалиција: “Американските санкции остануваат во игра како начин за справување со корупцијата, но тие не се замена за домашните обвинителства!“ Ескобар бара македонската влада “навистина да се посвети на справување со корупцијата!“ Појасна и подиректна порака од Вашингтон и Калето за оваа власт нема!
Понатаму, Ескобар додава: “Навистина верувам дека најдобар начин за справување со корупцијата не се американските санкции, туку домашните обвинителства и зајакнувањето на владеењето на правото. Нашите санкции не се замена за домашните институции и процеси за промовирање на владеењето на правото! Затоа, би ја охрабрил владата на ……. Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата!“
Посилна и јасна порака до владата на Ковачевски и Ахмети, од зад големата бара здравје… Но, овојпат навистина е предупредување! И што од ова имаме ние, обичниот народ?Народот е обезглавен, народот е потполно во хаос, народот не реагира повеќе, народот е маѓепсан или е во некоја лимбо зона на резонирање и размислување.
Ги донесоа марсовците и ги истурија на почвата Македонија, за по кратко време да се занимаваат со најконтроверзниот октроиран документ Преспански договор, ѓоами спас за Македониоја од изолација и од распаѓање. Најпрвин преку своите свиркачи или иструментализирани “шарени“ молери, во светот познати како обоена револуција, која ја видовме пред една деценија речиси долж северна Африка, а по сценарио и ракопис на истиот Џорџ Сорос, скандал мајстор и креатор на хаосот во демократските држави, користејќи измеќари и извршители за дебели напојници.
Непојмливо е во 21 век да имаме ваков систем на однесување и размислување. Македонија, прво, ќе биде запишана во светската историја и во меѓународното право како единствена и прва држава која се откажала од своето малцинство во соседството, од својот македонски народ! Второ, Македонија ќе биде запишана во светската историја и во меѓународното право како единствена и прва држава која се откажала од своето знаме, од своето име, а со тоа и се што му припаѓа на името: идентитетот, наскоро и јазикот, историјата, културата и се’ што подразбира посебност.
По многубројните анкети на меѓународни истражувачки пулови на јавно мислење, како и дома, ставот на народот е дека оваа власт ја води Македонија во амбис или што подлабоко во жив песок. За безобразната и присилна политка која ја водат со цел уставни промени, повеќе од 80% од Македонците се против присилата на владата на СДСМ со компанијата ДУИ и останатите, како и 64% од вкупното население се со ист став, дека Македонија не смее да направи уставни измени!
На Ковачевски, Ахмети и останатите, не им дрема или не им чуе “увото“. Тогаш, која е логиката и одговорот на оваа глупост дека, доколу направиме уставни измени и насилно ги ставаме Бугарите во уставот, ние ќе сме станале Европјани веднаш! Кој кого замајува? Кој кого лаже и во очи го гледа? Да, само двојката Заев/Ковачевски и кооперантот или предузимачот на овој план Али Ахмети.
Луѓе мои, криминал до криминал, корупција до курупцијуа, од лошо полошо! Имаме коалиција на албански партии во еден,, омнибус,, божем за европска Македонија, а всушност за полнење на џебовите. Така е и со довчерашниот коалиционен партнер на, СДСМ-ДУИ, лидер на Алтернатива, Африм Гаши кој бил дел на својата музичка група, која со празни џепови ги забавувала младите, но денес неговите опоненти го обвинуваат за дебели провизии.
Ете тоа е нивната загриженост за евроспка Македонија, а освен тоа и неговиот сопартиец кој со умисла создаде “немир“ на денот на изборот на Талат Џафери за спикер на македонскиот парламент и тоа на шверцерески начин, со пеење странска химна во македонскиот парламент, а сега со промоција на налудничавата идеја за формирање на сојуз на општини на Албанците во Македонија! За ваква ли Европска Македонија се залагаат нашите сограѓани од македонскиот албански корпус?
Наместо борба против корупцијата, криминалот и тендерството во 4 очи, марионетската влада се’ подлабоко и подлабоко тоне во своите криминални и антидржавни активности.
Секојдневните дојави на бомби во македонските училишта создадоа тотален немир во мозокот на малите и младите во основните и средните училишта. Зошто родителите “молчат“, а народот онеме и не реагираат?
Станавме полноправна членка на НАТО, со пробни таблици, а од 1 март за првпат треба да возиме без “пробни таблици“, нели е и оваа е тотална бурлеска?
Пред 7 години, симпатизери на СДСМ или членови на “шарените“ или обоените кои објавија за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ постираа: “За криминалите на ВМРО ДПМНЕ, време е за багер револуција. Не простуваме! Народот доаѓа по правда и слобода! Твојот кренат глас е спас за Македонија. Ќе има правда, ќе има мир!“
Па, што велите за багер-револуција? Ама против владата, прашува народот?
Багер-револуцијата, после пораките на Ескобар, најверојатно е дека ќе започне од Калето!
Ќе додадеме и ние, покрај се’ и после се’, не преостанува ништо друго освен: За багра власт, багер револуција!