8.4 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаУбиениот во Скопје, Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист- Пред извесно...

Убиениот во Скопје, Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист- Пред извесно време подарил четири станови на сиромашни семејства !!!

spot_imgspot_img

Според ТВ Телма, двајцата убиени во нападот во барот во скопската Стара Чаршија се Јетон Кривањева и Енес Исени.

Неколку вооружени напаѓачи им се приближиле на жртвите и почнале да пукаат во нивна насока, по што избегале.

Во нападот е рането уште едно лице кое е надвор од животна опасност:

„Лицето повредено во вечерашната тепачка е надвор од животозагрозувачка опасност и е пуштено на домашно лекување откако ги заздрави.

Вечерва околу 20:15 часот во нашата Клиника беше донесено лице за контрола со приватно возило. Пронајдена е прострелна рана на левата нога и поголема рана на десното колено. Направени се неопходни интервенции и снимки, по што пациентот е пуштен на домашно лекување“, велат од Градската болница, пренесува Алсат.

Според некои медиуми на албански јазик во Македонија, Кривањева бил дел од групата која беше цел на вооружен напад во хотелот Александар Палас во Скопје во 2019 година.

Маскираните напаѓачи тогаш пукаа врз групата, во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Полицаец во цивилна облека, кој во тоа време седеше на иста маса со нападнатите, кои се од Грчец, Скопје, спречи поголеми последици. Полицаецот пукал во напаѓачите во самоодбрана и не претрпел тешки повреди Случајот не е разјаснет.

Во 2021 година, Камер Идризи загина во Бутел додека возеше автомобил и беше застрелан од друго возило во движење. Тоа убиство не е расчистено…

Денеска е убиена Кривањева, а убиен е и Исен, кој бил со него. Во моментот МВР не дава информации дали имало и други гости во барот каде што се случил оружениот напад.

Убијците на Кривањева избегале со Ауди А6, а автомобилот го запалиле во Шутка.

Полициски извори потврдија за ТВ Телма дека возилото за бегство на убијците во барот Шиша е пронајдено во Шутка.

По ваквото „чистење“ на докази, убијците избегале со друг автомобил.

Полициски извори за Телма тврдат дека напаѓачите кои влегле во барот Шиша во скопската Стара чаршија и биле облечени во црни алишта како униформи.

Кога ги најдоа „метите“ почнаа да пукаат во нив и брзо заминаа. Јетон Кривањева наречен Жила и Енес Исени загинаа на лице место. Во моментот нема потврда на некои информации дека напаѓачите носеле и полициски симболи на облеката.

Во опожареното „Ауди“ пронајдени се остатоци од два мобилни телефони, тврдат полициски извори

Некои албански медиуми го нарекуваат убиениот мафијаш „хуманист“.

„Убиениот вечерва во Скопје Јетон Кривањева беше мафијаш, но и хуманист.“ – напиша информативниот портал на албански јазик „Шќипмедиа“.

Во својата вест овој медиум дополнува: „Јетон Кривањева пред извесно време им подари 4 станови на сиромашни луѓе, кои се во неволја.“ Оваа вест медиумот ја придружува и со видео-снимка со изјава на семејство, кое „добило еден од тие станови“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...