18.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаБугари од Македонија: Името на Иван Михајлов е свето

Бугари од Македонија: Името на Иван Михајлов е свето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога ќе ти стават во досието до името ВМ, тоа е исто како да напишале ванчомихајловист, не си фашист“, ова го изјави публицистот Владимир Перев, во репортажата на бугарската новинарка Теодора Енчева за судбината на бугарските здруженија во РС Македонија „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис III“ во Охрид, емитувана на бугарската телевизија БТВ.

<

Перев вели дека Ванчо Михајлов станал фашист за јавноста во поранешна Југославија и РС Македонија откако Бугарите го кренале својот глас за нивното постоење и проблеми.

„Откако ние Бугарите во името на Иван Михајлов, го кренавме нашиот глас скромно, не баравме ниту Устав, ништо. Едноставно работите да се средат, дајте, имаме бели петна во нашата историја, дајте да ги обновиме… Имаме претци кои се бореле “, истакнува Перев.

Познатиот македонски Бугарин и публицист е дециден дека бугарската етничка припадност на многу семејства во Прилеп и Штип била кристално јасна, а првиот чин на кој ги учеле своите деца била конспирацијата.

„Тоа беше кристално јасно и се кажуваше. Сите бугарски семејства во Прилеп беа михајловистички. Истото важи и за Штип. Првиот чин на кој што ги учеа своите деца беше конспирацијата“, вели Перев.

Според него најголем проблем во моментот е местото на македонските Бугари во општеството на РС Македонија.

„Во мојот свет најомразени останаа комунистите. Таа битка со фашистите веќе стана стерилна. Најсериозен проблем е местото на македонските Бугари во македонското општество. Кога ќе можеме да речеме директор на театар да биде некој македонски Бугарин. Нам ни требаат обичните луѓе, така се крева политичкиот рејтинг. Тоа е довербата на системот, тогаш ќе биде небитно дали сме фашисти или комунисти“, истакнува Перев.

Претседателот на клубот „Иван Михајлов“ од Битола Љупчо Ѓорѓиевски од своја страна вели дека тие нема да го променат името на својот клуб и подвлекува дека Бугарија не го основала клубот, ниту им го наметнала токму тоа име.

„Ниту Бугарија го создала клубот, ниту Бугарија ни наметнала да го ставиме тоа име. Тоа име го избравме ние македонските Бугари. Иван Михајлов е свето име и од него произлегува еден борбен дух за Македонија.Името на клубот ќе остане Иван Михајлов, за целиот свет тој не е фашист, само за поранешните комунистички влади во РС Македонија Иван Михајлов е фашист“, вели Ѓорѓиевски пред Теодора Енчева.

„„Радко“ живее и денеска. Ние ништо лошо не правевме, само ги будевме луѓето дека сме македонски Бугари, еден народ во две држави“, вели Крсте Трајчевски од Охрид, кој бил еден основачите на првото здружение на македонските Бугари во тогашна Република Македонија именувано по еден од псевдонимите на Иван Михајлов- Радко.

Погледнете повеќе во видеото што следи:ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...