16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонија“ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид најуспешен клуб на првото државно првенство во Таеквон-до...

“ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид најуспешен клуб на првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод признавањето на Македонската Традиционална Таеквондо Федрација,од страна на Агенцијата за млади и спорт, изминатиот викенд, на 11.03.2023 година, во СРЦ Билјанини извори (мала сала), се одржа официјално првото државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид, кој како најстар клуб, од страна на МТТФ ја доби честа да го организира првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ.

<

Учество зедоа 63 натпреварувачи од следните клубови:

Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид

Таеквон-до клубот “АХИЛИУС” Скопје

Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга

Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел-Охрид

Некои од натпреварувачите покрај што ги бранеа боите на своите клубовите, се бореа и за место во репрезентација за учество на наредното Европско првенство кое ќе се одржи следниот месец во Јесоло Италија од 17-24 април.

“На наше задоволство и задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите прикажаа врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека многу од нив се на добар пат за брзо време да фатат место во репрезентација. Најдобра борба покажаа Климент Богоески од “ХВА РАНГ ИТФ” против Лука Тодороски од “ЧОНЏИ” кои мораме да ги пофалиме за врвната техника. За најдобар борец беше избран Владимир Димитриевиќ од “МАСТЕР” освојувајќи 1 место – спаринг јуниори, -60кг, 14-17 години, 1 место форми јуниори 2-/1куп Црвен/црвен виши појас 14-17 години, 1 место- спаринг сениори, -80 кг, 18-39 години, со што се избори за место во репрезентација за наредното Европско првенство, изјави Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан и претседател на МТТФ.

Најдобар клуб на првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ беше Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со освоени 14 златни, 16 сребрени и 15 бронзени медали.

На второто место се најде домашниот клуб, организаторот на турнирот, Таеквон-до клубот “МАСТЕР” Охрид со освоени 7 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали

На третото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга со освоени 4 златни, 4 сребрени и 1 бронзен медал.

На четвртото место се најде Таеквон-до клубот “АХИЛИУС” Скопје со освоени 2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

На петтото место се најде Таеквон-до ИТФ клубот “ЧОНЏИ” Косел-Охрид со освоени 3 сребрени и 7 бронзени медали.

На 1 април, МТТФ најавува учество на Меѓународен отворен Таеквондо ИТФ натпревар “С.И.Т.А. ОПЕН 2023” во Лозница, соседна Србија, додека од 17-24 април учество на Европското првенство кое ќе се одржи во Јесоло, Италија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шофер во Здравствен дом Берово уапсен – Во службено возило пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во...

Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград. „Шефот на пратеникот на...

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски...

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...