16.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаСветБајден за апсењето на Путин: Одлуката е оправдана, тој изврши воени злосторства

Бајден за апсењето на Путин: Одлуката е оправдана, тој изврши воени злосторства

Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил воени злосторства и дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за негово апсење е оправдана.
Претходно во петокот МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и трансфер на луѓе од територијата на Украина во Русија.

Мислам дека тоа е оправдано. Проблемот е што не сите го признаваат судот, вклучително и ние. Но, мислам дека тоа испрати силна порака“, им рече Бајден на новинарите.

САД, независно од МКС, утврдија дека руските сили извршиле воени злосторства во Украина и веруваат дека сторителите мора да одговараат, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт департментот.

Потегот на МКС обврзува 123 земји-членки да го уапсат Путин доколку тој се најде на нивна територија и да го префрлат на судење во Хаг.

Русија ги отфрла обвинувањата дека нејзините сили извршиле воени злосторства за време на инвазијата.

Кремљ во петокот објави дека налогот за апсење на Путин е срамота и, што се однесува до Русија, бесмислен, и дека Русија, како и многу други земји, не ја признава јурисдикцијата на МКС,пренесе Индекс.хр.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...