16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДа донесете работник од Бангладеш во Македонија, од старт чини 2.000 евра

Да донесете работник од Бангладеш во Македонија, од старт чини 2.000 евра

Увоз на работна сила од земјите од третиот свет е тешко изводливо, иако може да биде решение на кратки стази поради дефицитот на работници, вели Зоран Кочоски од „Коузон“, агенцијата за посредување на работа во странство, коментирајќи ги најавите на Владата со увоз на работници од странство да го пополни недостатокот кој се јавува на пазарот на трудот во Македонија, поради иселувањето на населението.

-Носењето на работна сила од странство во старт чини 2.000 евра од работник, поради сместување, храна… Да донесете човек од Бангладеш со авионското карта, со сите дозволи, медицински прегледи, вас ќе ве чини над 1500 евра. Вие треба да му обезбедите сместување кое ќе му го плаќате на месечна основа, треба да му обезбедите превоз, треба да му обезбедите некаква интеграција во социјалниот и здравствениот систем во Македонија затоа што не секогаш тој ќе биде здрав, некогаш ќе биде и болен, вие ќе треба тоа да го платите. Тоа сега не е регулирано во оваа држава. И страв ми е да зборувам колку работи не се регулирани – рече Кочоски во Анализа на ТВ24.

Според него во Македонија има страшно многу голем увоз на работна сила и тоа не е никако регулирано. Само со туристичка виза, вели, се влезени 3.500 луѓе кои работат на црно.

-Тоа е очигледно. Тоа е увоз од далечните држави или од околните држави кои нелегално доаѓаат и работат во Македонија. Тие луѓе, ајде да речеме од Косово, кој во еден момент беа од 2.700 до 3.400 според некои анализи, кои доаѓаа на неделна основа поради подобрите плати, тие луѓе ќе ги нема откако Косово ќе ја добие визната либерализација. Ќе имаме уште една дупка која ќе нема како да ја пополниме – предупредува тој.

Увозот на работна сила предизвика голема дебата во стручната јавност. Според Кочоски и дел од упатените претставува опасност на увезените работници земјава да им биде отскочна даска за потоа да мигрираат кон земјите на Европска унија.

-Ова се случи со Албанија, увезоа луѓе од Египет, 80 отсто побегнаа во Европа поради што Албанија доби пенал од ЕУ – рече Кочоски.

Но, синдикалците и организациите за работнички права апелираат, наместо да се размислува за увоз на работна рака, треба да се зголемат платите во земјава и да се подобрат работничките услови за граѓаните да останат, наместо да се иселуваат.

Поранешната директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, вели дека нема потреба од увоз, освен во делот на автопатите и нивната изградба.

-Во спротивно ќе немаме кој да вози по тие автопати ако продолжи иселувањето. По однос на преработувачката дејност, текстилната индустрија, може да се најдат работници ако се платат повеќе од минималната плата, ако се платат над просечната сигурно ќе се најдат – рече таа.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...