15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСветски извештај за среќа: Македонците најнесреќни на Балканот

Светски извештај за среќа: Македонците најнесреќни на Балканот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот според Светскиот извештај за среќа, а на светско ниво, меѓудругите, земјава е во друштво на Конго, Гвинеја и Украина која е во војна.
Степенот на корупција, социјалната поддршка, институцииите, како и себичноста во општеството, не поставија на 87 место, од 137 држави. Според граѓаните, најголема причина за несреќа е 30 годишната политика на земјава и сиромаштијата.

<

-Затоа што имаме такви политичари, политичарите само си гледат за џебот нивни, народот не ги интересира, сите што викале јас вака, јас онака ќе направам, сето тоа било за нив, ништо за народот и држават./ Немаме кој да ни ја води државата, прав човек уште не дошол, дојди на фотеља, најади се накркај се, способен нема, народ плаќа./Јас сум среќна а немам ништо.

Велат, по улица ретко може да наиде на нечија насмевка, лицата кои најчесто ги гледаат се загрижени и замислени.

Како среќни? Кој е среќен? Дали гледате луѓе насмеани весели? Не бре./ Ретко, можеби има некој насмеан кој не може да разбере што се работи овде, туку оди така и се смее, можеби и од мака, инаку сите се загрижени и озбилни.

Станавме земја на иселена младина и раздвоени семејства, кои се гледаат преку интернет или пак еднаш годишно, велат тие.

Срцето боли, ама што да правиме, младите не можеме да ги сопреме, тие си го гледаат својот пат. /Стандардот ни е ниско паднат, безработица за млади, отидоа во странство. /Јас сум среќен затоа што бев во странство и денеска кога гледам тука како е си викам зошто сум се вратил./ Подобро да си најдат иднина на страна, за нив нема никаква перспектива./

Зошто нацијата е несреќна беше прашан и премиерот Ковачевски. Вели предизвик за секој премиер е да има функционални институции и подобар стандард. Но стратешките цели ги гледа како клучни за подобар живот.

Целта е остварување на полноправно членство во ЕУ, зголемување на животниот стандард, зголемување на платите, практично се поврзани меѓу себе и со задоволството на сите граѓани на државата.

Социолозите исто така неповолните услови за живот ги препишуваат на децениските политики.

Политичките партии во таа борба за власт не го штедат народот, постојано или едните или другите или третите. Се создава една клима еден амбиент во која тешко може да се најде една утеха.

Најсреќни се Финците, а потоа следуваат и останатите скандинавски земји. Најнесреќни се граѓаните од Авганистан. Либан, Сиера Леоне и Зимбабве.
Извор: Канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...