16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваЗатвор за лезбијка што му се качила на маж додека спиел

Затвор за лезбијка што му се качила на маж додека спиел

Жена во Северна Ирска е осудена на четири години затвор откако признала дека присилила маж на секс додека тој спиел. Како што пренесува „Дејли мејл“, судијата ѝ порачал на 41-годишната Тања Лорд дека „нема разлика меѓу силувањето на мажи и жени“, велејќи дека жртвата сега е ментално осакатена.

Тој откри дека жртвата посетува одредени советувања, зема препишани лекови за неговото ментално здравје и дека како резултат на силувањето, тој не им верува на луѓето и „се чувствува сам“.

Лорд, која е лезбијка, веќе се изјасни за виновна за сексуален напад во нејзиниот дом во Ко Армаг на претходното рочиште во судот во Крајгавон. Таа признала дека го навела мажот „да се вклучи во сексуална активност што вклучува пенетрација на пенисот во вагината и дека тој не се согласувал на сексуалната активност“.

Обвинителот Џозеф Марфи рече дека човекот пиел цел ден и се сретнал со Лорд откако таа завршила со работа на 23 јуни 2020 година. Тие се вратиле во нејзината куќа, испиле уште неколку пијачки и јаделе, а потоа си легнале. Во тој момент и двајцата биле во шорцеви. Жртвата верувала дека нема да дојде до никаков сексуален однос бидејќи знаел дека Лорд е лезбејка, меѓутоа, во раните утрински часови се разбудил откако почувствувал болка во градите.

Кога дошол при себе сфатил дека боксерите му се спуштени до колена, неговиот пенис е во Лорд, a таа скока горе-долу.

Tој ја оттурнал Лорд, а таа се преправала дека спие. Човекот набрзо станал и се симнал долу „да процесира што му се случило“. Потоа разговарал со својата мајка и партнерката пред да го пријави инцидентот во полиција.

Тие го однеле во истражниот центар за силување каде морал да направи интимен преглед, да му се земат брисеви од интимните делови и разговара со детективи. Судот слушнал дека токму овие брисеви помогнале да се изгради случајот против Лорд бидејќи, иако таа тврдела дека немало сексуален контакт, нејзиниот целосен ДНК профил бил пронајден на пенисот на жртвата.

Кога беше испрашувана, Лорд немала објаснување зошто нејзината ДНК е пронајдена на брисевите од неговата интима. Повеќе од две години по инцидентот, по постојаното одложување и прекини на судењето, таа конечно се изјаснила за виновна.

Покрај четиригодишната казна, Лорд била ставена во полицискиот регистар на сексуални престапници.
фото:илустрација

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...