11.5 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаСветЗа првпат во светот: Лекари со „автотрансплантација“ му го вратија видот на...

За првпат во светот: Лекари со „автотрансплантација“ му го вратија видот на слеп човек

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во болницата „Молинете“ во Торино, за првпат во светот, благодарение на специфичната трансплантација на дел од едното око на местото на другото, 83-годишен маж кој, поради разни болести, останал целосно слеп во двете очи – прогледа.

<

Тој го изгубил видот на едното око пред 30 години, а на другото пред 10 години поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото.

На левото око не било можно да се врати видот, но останало површински добро сочувано. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила повторно да гледа. Операцијата траела четири часа, а тимот хирурзи бил предводен од професорот Микеле Реибалди, директор на очната клиника „Молинете“ и Винченцо Сарникола, претседател на италијанското здружение за рожници и матични клетки.

„Новината е во тоа што ја проширивме трансплантацијата на рожницата на целото око, на конјунктивното склерално ткиво кое игра основна улога во тоа колку ќе биде успешна трансплантацијата во одредени услови. Окото кое ослепело, но сепак има функционални аспекти, не треба да се жртвува бидејќи може да ни послужи како „резервни делови“. Во последните 20 години, границите на трансплантацијата се поместија и направивме огромни чекори, а Италија има водечка улога во светот“, објасни професорот Сарникола.

Две недели по операцијата, пациентот е во состојба да препознава луѓе и предмети и самостојно да се движи. Левото око е реконструирано за естетски цели благодарение на ткиво на донор.

„Кога се разбудив и повторно почнав да го гледам обликот на моите прсти, чувството беше како повторно да сум се родил“, биле првите зборови на пациентот кој живее во Торино.

Во последните неколку години му биле извршени две традиционални трансплантации на десното око, кои, за жал, не вродиле со плод, па била донесена одлука за првпат во светот да се изврши операција „автотрансплантација“ од левото на десното око.

Една третина од левото око е „автотрансплантирана“ на десното око, кое на овој начин е реконструирано и на пациентот му се врати видот. Лекарите се надеваат дека, со оглед на тоа што трансплантацијата е направена со помош на користење на „материјал“ на самиот пациент, нема да дојде до отфрлање.

Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...

Криптовалути од над милион евра, земјшите, џип, сметка во Бугарија…каков имот пријавил Богојески?

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, пријавил висока вредност на криптовалути во својот анкетен лист до Државната...