27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчани го кренаа својот глас: „Уште колку здрави деца како Јана треба...

Битолчани го кренаа својот глас: „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“, „Ако си немаш пријател умри си“,

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола започна протестот за прераната смрт на шестгодишната Јана Христовска која минатата недела почина во болницата во Битола по примена инфузија.

<

„Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“, „Ако си немаш пријател умри си“, „Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите“, „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Партизирано здравство“… се само дел од пораките кои ги напишаа битолчани во знак на гнев и незадоволство од здравствениот систем.
Протестот го организираат родителите на Јана и нејзиниот кум кои рекоа дека сакаат да го насочат вниманието за состојбите во македонското здравство, додека го чекаат извештајот од обдукцијата која треба да го даде одговорот од што настапила смртта кај Јана.

Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.

Јана почина минатата среда на Детското одделение во битолската болница откако со симптоми на настинка и повраќање била однесено на лекар. По првично измерените девет единици шеќер во крвта Јана примила инфузија со гликоза, по што шеќерот покажал 19 единици на следното мерење. Семејството се сомнева во грешки во лекувањето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...