16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНепалци и Филипинци би работеле за просечна македонска плата, но бараат бесплатна...

Непалци и Филипинци би работеле за просечна македонска плата, но бараат бесплатна храна и сместување !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Реално и можно е граѓани од Непал и Филипините да работат во Македонија за просечна македонска плата, но да им бидат покриени оброци и сместување.

<

Ова го тврдат нашите соговорници од двете земји. За Македонија скоро и да не знаат ништо, но откако им кажавме колку изнесува просечната плата, велат дека би работеле, ако имаат и други бенефиции, односно да имаат обезбедено сместување и храна. Додаваат дека во нивните земји со години економската состојба е лоша, работа тешко се наоѓа и доколку добијат шанса за работа во странство, заминуваат.

„Зависи што ќе работат, но секако дека е можно Филипинци да работат во Македонија. Нашите луѓе заминуваат надвор, работат различни професии. Овде е тешко да се најде работа, посебно во малите места. Луѓето се вредни и знаат странски јазици. Заминуваат во САД, доаѓаат во главниот град Манила поради работа, одат и на други места. Некои остануваат да живеат во странство, а некои се враќаат“, вели нашата соговорничка, Јоселин Монгаја која живее во Манила на Филипините.

Прабина Срестха од Непал додава дека македонската просечна плата е многу ниска, но ако се работи за пакет со платени оброци и сместување, тогаш е прифатливо.

„Нашите луѓе одат насекаде да работат, од Европа до Америка. Ние имаме сиромашна, средна и богата, висока класа во државата. Луѓето заминуваат надвор за да заработат. Дали се работи за мал или голем град во Непал, исто е, овде е тешко за наоѓање работа. Jaс барам работа, но уште сум невработена. Tри години сум без работа. Но, вашите плати се доста ниски“, рече Срестха која живее во Катманду.

Во јавноста се отвори прашањето за „увоз на работна сила“, опција која се смета за меч со две острици. Но, има и предлози според кои државата треба да ги активира луѓето кои се работоспособни, но долги години се без работа.

Податоците кои се достапни на интернет говорат дека просечната плата во Непал е 664 американски долари. Нашата соговорничка од Непал потврдува дека тоа е реален податок за просечната заработка кај нив. Податоците кои се однесуваат за платите на Филипините, покажуваат дека зависно од типот на компанијата, има работници кои земаат плати од 170, 210, 270 долари месечно. Од почетокот на годинава заклучно до крајот на март, Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) дала позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања, информираа од АВРМ за МИА.

Сања Атанасовска
foto freepik.com/atlascompany

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...