-2.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЕдинаесет плажи на охридското крајбрежје летово ќе добијат модерни шанкови од природен...

Единаесет плажи на охридското крајбрежје летово ќе добијат модерни шанкови од природен материјал

На единаесет плажи долж охридското крајбрежје ќе бидат поставени шанкови од природен материјал кои ќе зафаќаат површина од 8 до 10 метри квадратни, при што концесионерите во зависност од големината на плажите ќе можат да постават маси и столици на површина од 150 до 300 метри квадратни.
Според градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на овој начин ќе се премости вакум периодот додека се изработи Деталниот Урбанистички План за охридското крајбрежје. Шанковите ќе се издаваат по пат на јавно наддавање, а договорите ќе бидат со траење од 3 години, но во нив ќе има член за еднострано раскинување кој ќе се искористи по донесувањето на Планот за управување, јави МРТ.

– Да потсетиме дека таа задача беше на државата, односно Агенцијата за просторно планирање, заедно со транспорт и врски и крајниот рок беше декември 2021 година. Ако чекам јас уште 5 години да има неуредени плажи, тогаш сум неодговорен градоначалник на Охрид, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Како редакција, уште пред скоро еден месец поставивме сосема легитимно прашање за тоа дали може, и дали треба, првиот човек на Охрид, градоначалникот Пецаков ова лето да го употреби „Законот на Мерко“ за плажите?

Малку историјат, за да се потсетиме сите заедно на „најголемите хитови“ по ова прашање:

Додека во Охрид во 2021 година се уриваа објектите на плажите, во соседна Струга угостителите се подготвуваа за летната туристичка сезона.

– Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивно. Секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети, а ние како локална самоуправа им стоиме на располагање. Ние сакаме да имаме привлечен град, не само за туристи од државата, туку од целиот свет, изјави тогаш Рамиз Мерко, кој ја пополнува функцијата градоначалник на соседна Струга.

Една година подоцна, во 2022-та, во период додека Општина Охрид го чека Планот за управување со Охридсколто крајбрежје од Агенцијата за просторно планирање и остана без уредени плажи, Мерко најави дека, покрај постоечките, Струга ќе добие и нови, уредени и современи плажи, затоа што, како што изјави тогаш, „туризмот нема да трпи“, и дека мора да има плажи за туристите.

– Струшките плажи ќе бидат со шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема. Има дополнителни места кои ќе бидат плажи. Мислам дека во целост сите плажи ќе бидат во функција за гостите кои ќе дојдат во Струга за летните одмори. Имаме направено добра понуда, изјави Мерко минатата година.

Тој додаде дека смета дека објектите на плажите не се дивоградби и дека имаат легални договори и сè што е на државно земјиште, а го користат приватни лица го наплатува општината.

– Сите се легални. Додека се договараме со централната власт како понатаму со плажите, ние мораме да ги искористиме и со нив да надополнуваме и дел од буџетот на Општина Струга, додаде Мерко.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...