27.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаUncategorized @mkЗдрав да влезеш, болен да излезеш – Македонското здравство го проби дното

Здрав да влезеш, болен да излезеш – Македонското здравство го проби дното

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скандал по скандал во здравството – одговрност нема. Првиот човек на ресорот здравство крева раменици за сите случаи и не презема ништо конкретно. Помина речиси еден месец од смртта на 6 годишната Јана, случајот и натаму останува со многу сомнежи и се уште без разврска. Родителите ја чекаат вистината и бараат правда, но обдукцискиот извештај не е готов.

<

Последните денови Битола живее во „атмосфера на линч“. Жестоко се бара одговорност од лекарите и од сите здравствени работници што беа вклучени во породувањето на младата битолчанка која остана без своето новороденче. И за овој случај обвинителствтото го чека извештајот од обдукцијата а Комисијата за стручен надзор се уште не се изјаснила дали биле почитувани протоколите согласно медицината базирана на докази. Министерот Меџити повторно без конкретен одговор, до каде се случаите.

Младата жена која остана без своето провороденче јавно ја сподели голготата низ која поминала обвинувајќи за непрофесионалност, ривалство и дрско однесување на доктори.

Единствено за кој има некаква одговнорност е последниот скандал кој изби во тетовската болница.Анестезиологот кој пренесуваше во живо на ТИК-ТОК прегледи и активности на пацинети и вработени во болницата заработи притвор, отказ од работа и одземање на лиценцата седум години.

“Значи во рамките на законот, тој ќе биде седум години без лиценца, додека заврши судската процедура, а кога ќе заврши, може и доживотно да остане без неа” – вели Меџити.

Поминаа два месеци од смртта на жената која почина во прилепската болница. Се уште нема релевантен извештај од која бактерија почина.ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....