21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКога ќе оздрави Никола, ќе направиме уште еден, поголем концерт за да...

Кога ќе оздрави Никола, ќе направиме уште еден, поголем концерт за да го славиме успехот, кажа градоначалникот Стефковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Голем број на музички ѕвезди настапија на хуманитарниот концерт за матурантот Никола Ѓоргиев, кој се одржа вчера во спортската сала во ООУ Наум Наумовски Борче во Скопје.
Ламбе Алабаковски, Либеро Бенд, ДНК, Таско, Пајак, Даниел Дан, Влатко Миладиновски и многу други музичари се вклучија во хуманиот настан, организиран со цел да се соберат над 20.000 евра, колку недостигаат за лекувањето на 18-годишниот Никола, кое треба да започне на клиника во Турција.

<

Со помош на акциите кои се одвиваа периодов, веќе се собрани околу 90.000 евра за младото момче кое се бори со карцином на коски.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, се заблагодари што на концертот дошле над 2.000 лица и му ја дале поддршката на Никола.

-Горд и среќен сум што имам чест да бидам градоначалник на еден ваков хуман народ.
Повеќе од 2000 луѓе присуствуваа на хуманитарниот концерт за собирање на средствата за лекувањето на нашиот Никола.

Никола на првата наша средба ти кажав дека во оваа борба не си сам, мојата поддршка ја имаше, ја имаш и ќе ја имаш се до завршување на оваа борба од која ти ќе излезеш како победник!
Пред мојот народ давам збор дека по завршување на лекувањето на Никола, Општина Гази Баба ќе организира уште поголем концерт за целиот народ и заедно со Никола ќе го славиме успехот-порача Стефковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...