27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаКина гради нова база на Антарктикот, Американците стравуваат дека ќе биде за...

Кина гради нова база на Антарктикот, Американците стравуваат дека ќе биде за шпионирање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кина гради база на Антарктикот која може да се користи не само за научни, туку и за воени цели, предупредуваат група експерти од Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) во Вашингтон.

<

Официјален Пекинг се обидува да развие нови бродски рути кон Арктикот и да ги прошири истражувањата на Антарктикот, но западните влади се загрижени дека нејзиното растечко присуство во поларните региони може да ѝ овозможи на кинеската војска подобри способности за надзор.

Во извештајот на ЦСИС се вели дека новата станица, на островот Инекспресибл во близина на Росовото Море, се очекува да вклучува опсерваторија со сателитска копнена станица, која треба да ѝ помогне на Кина да ја пополни големата празнина во нејзината моќ за пристап до континентот.

Група експерти користеле сателитски снимки направени во јануари за да идентификуваат нови објекти за поддршка, привремени згради, хелиодром и темели за поголема главна зграда на станицата од 5.000 квадратни метри. Се проценува дека изградбата би можела да биде завршена до 2024 година.

Иако станицата може да обезбеди следење и комуникации за растечката низа научни сателити во Кина кои ги набљудуваат поларните региони, нејзината опрема може истовремено да се користи за пресретнување на сателитски комуникации од други земји“, соопштија од ЦСИС.

Станицата е добро позиционирана да собира разузнавачки сигнали над Австралија и Нов Зеланд и телеметриски податоци за ракети лансирани од новиот австралиски вселенски центар Арнем.

Кога ќе биде завршена, се очекува да вклучува пристаниште за кинескиот мразокршач Суелонг.

Од ЦСИС за „Ројтерс“ изјавиле дека додека САД сè уште одржуваат големо истражувачко присуство на Антарктикот, вклучувајќи го и најголемиот објект во нивната станица МекМурдо, присуството на Кина во областа рапидно расте. Новата кинеска база ќе биде на 320 километри од станицата МекМурдо.

Според Антарктичкиот договор од 1959 година, чиј потписник е и Кина, активностите на поларниот континент се ограничени на мирољубиви цели. На воениот персонал му е дозволено да спроведува научни истражувања, но му е забрането да поставува бази, да спроведува маневри или да тестира оружје.

Во извештајот на Пентагон од 2022 година се вели дека новата кинеска инфраструктура на Антарктикот најверојатно е делумно наменета да ги зајакне нејзините идни претензии за природни ресурси и пристап до поморските коридори и да ги подобри способностите на кинеската војска. Кина ги отфрла тврдењата дека таквите станици ќе се користат за шпионажа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...