14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЛоцирана групата од Иран и Русија која ги правела лажните дојави за...

Лоцирана групата од Иран и Русија која ги правела лажните дојави за бомби кај нас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Групата од Иран и Русија која ги правела лажните дојави за бомби во Македонија е лоцирана, се работи на вештачење на материјалите по што ќе следи и поднесување на кривични пријави, извести денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Повеќе детали за групата, начинот на кој била лоцирана и кому сè испратила закани за бомби министерот Спасовски најави откако ќе биде завршена истрагата.

<

Имаме лоцирано една група. Во моментот се работи на вештачењето на материјалите и потврдување на доказите за да можат да бидат поднесени кривичните пријави. На тој начин еден дел од тие криминални активности за дојавите за бомби ќе биде целосно расчистен и затворен. Тие се лоцирани врз основа на преземени криминалистички активности од страна на секторот за борба против тероризмот, секторот за компјутерски криминал и секторот за меѓународна полициска соработка. На самиот почеток, кога почнаа ваквите напади изјавивме дека секојдневно работиме заедно со сите меѓународни релевантни фактори. Целосните детали ќе можеме да ги соопштиме кога ќе заврши обезбедувањето на доказите и поднесувањето на кривичните пријави“, рече министерот Спасовски.

Тој најавува дека вештачењето прецизно ќе покаже во кој период биле лажните дојави и кон кои институции иако е извесно дека со оваа истрага се опфатени дојавите од јануари годинава, кога беа интензивирани нападите.

„Во моментов не можам да кажам колкава ќе биде бројката зошто до крај не се завршени вештачењата, а од тие вештачења ќе знаеме точно за кои напади, кој временски период и кон кои институции тоа е упатено.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...