21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонија23 годишната мигрантка која беше застрелана во Гевгелија од страна на полициски...

23 годишната мигрантка која беше застрелана во Гевгелија од страна на полициски службеник, била бремена?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приказната за 23-годишната мигрантка која беше застрелана кај Гевгелија ја објави италијанската невладина организација „Second tree“.

<

Според сторијата, мигрантката била застрелана од македонски полицаец со службен пиштол кај касарната во Гевгелија во турканица за оружјето со шверцер.

 

 

 

„Но, таа беше човек. Беше топла, ентузијастична и весела. Ако не знаевте, никогаш немаше ниту да претпоставите дека живее во бегалски камп. Таа имаше 23 години. Беше полна со живот, секогаш подготвена да ја сподели својата сила и енергија, а сакаше и да танцува. Танцуваше и пееше „на сиот глас“, како што опишува нејзината сестра Бринтина. Замислете ја како таква личност, затоа што ние така ќе ја паметиме. Таа беше дел од нашата организација“, пишува „Second Tree“.

Сопругот на младата Фатмата раскажал за последните моменти поминати со неа пред таа да биде застрелана, пренесува „Слободен печат“.

 

 

 

Непосредно по поминувањето на границата, таа му рекла: „Сега сите врати изгледаат затворени, но друга ќе ни се отвори. Иднината ќе биде добра“.

Младата Фатмата имала сопруг, Абубакар, а тие се знаеле од деца, додека пак честопати меѓусебно се викале „моето сè“.

Во објавата на „Second Tree“ пишува:

„Толку беа заљубени што често знаевме да се пошегуваме со нив и да им кажеме: Се надевам дека и јас ќе најдам некој кој ќе ме сака на тој начин“.

Два месеци пред да биде застрелана, Фатмата на Абубакар му соопштила дека е бремена, но бидејќи немале документи и пари никогаш не направиле тест за бременост.

Абубакар бил со Фатима кога таа била застрелана: „Го викаше неговото име, молеше за помош“, пишува „Second Tree“.

Веднаш по немилиот настан сопругот на Фатмата бил приведен и еден ден задржан во притвор без никакви вести за неговата сопруга…

„Џовани и Џулиет од нашиот тим се сега со Абубакар во Северна Македонија. Тој сè уште не знае каде е телото на Фатмата и бара да ја види уште од денот кога беа разделени. Со него има и адвокат и подготвени се да бараат правда“, велат од организацијата.

Желбата на сопругот на Фатмата, како што соопштиле од организацијата е светот да дознае за овој случај.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...