33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДетали за убиениот Македонец: 14-годишникот го намамил Игор со ветувања за секс,...

Детали за убиениот Македонец: 14-годишникот го намамил Игор со ветувања за секс, го убил и му украл 1.800 лева

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Договор за секс е основата на убиството на 50-годишниот Македонец, Игор Николовски во Сончев Брег, пишува бугарски Flagman.bg.

<

Ова станало јасно по вонредниот брифинг на ОДМВР-Бургас и Окружното обвинителство.
Комесарот Калојан Калојанов и надзорниот обвинител Иван Кирков објавиле детали за тешкото кривично дело извршено во одморалиштето од страна на 14-годишниот Михаил.

Веројатно убиството се случило во саботата, а исчезнатиот Македонец во вторникот наутро го пријавил неговиот внук, со кого дошле овде на работа во текот на летната сезона.

Истиот ден беше прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор патува со малолетник.
Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во РУ-Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело.

Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот на убиството, изјави високиот комесар Калојанов.

Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден. Потоа договориле сексуален контакт. Тие отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“.

По пристигнувањето, Михаил се одвратил од неговите зборови, Игор се налутил, го повлекол, во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата.

Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Со нив си купил некои работи, објасни директорот на ОДМВР-Бургас.

Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.

Михаил има криминално досие, против него се водат и други предистражни постапки – за разбојништво и кражба. Не е познато дали посетува училиште. Тој е од семејство со низок социјален статус.

Според Flagman.bg, грабеж се случили есента минатата година. Михаил истепал, повторно со дрвен кол украински државјанин и му го одзел златниот накит.

Обвинителот Иван Кирков објасни дека уапсениот е обвинет по чл. 115. Меѓутоа, поради неговата возраст, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Меѓутоа, доколку обвинението се преквалификува во убиство за себична корист, казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.

Македонскиот државјанин, според информациите, пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен, тука во летната сезона, а во зима – во Банско.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...