32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаАдвокатот на детето кое го уби Македонецот во Бугарија: Три часа го...

Адвокатот на детето кое го уби Македонецот во Бугарија: Три часа го напивал со алкохол, со три литри пиво – убиството е во самоодбрана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Окружниот суд во Бургас му одреди притвор на 14-годишниот Мишо Асенов, обвинет за убиство на 50-годишниот маж од Македонија.

<

Обвинителот од Бугарија во случајот посочи дека момчето со умисла го сторило делото. Според неговиот адвокат вели дека се работело за самоодбрана.

На денешното рочиште државното обвинителство изнесе пријава од полицијата, од која јасно се гледа дека против момчето се води истрага и за друго кривично дело.

„Станува збор за лице веќе познато на медиумите, кое на 5 февруари годинава било спречено да изврши кражба на Сончев Брег од украински државјанин и го нападнал со цевка. Се води предистражна постапка и вештачење. Наредени се прегледи, вклучително и судско-медицински, колку што разбрав, на украинскиот државјанин. Ова не му е прв обид да нападне некого на ваков начин“, објасни обвинителот, пренесе БНР.бг.

Постојат докази дека убиството било намерно.

„Во моментот кога ја удрил жртвата и на распитот рекол дека веднаш заминал без да знае дека лицето починало, го покрил со остатоци од душеци и неколку даски“, додаде обвинителот.

На рочиштето тој посочи дека има докази оти исчезнатите пари на Македонецот биле искористени за враќање во трговски центар во Сончев Брег. Тоа го поткрепува и сведочењето на мајката на момчето. На распитот таа објаснила дека во чантата на момчето пронашла 1.400 лева. Нејзиниот син и рекол дека ги добил од пијан турист во некој ресторан.

Неговиот адвокат – Радостин Пенев побара полесна мерка. Тој објаснил дека момчето соработувало со полицијата, а убиството било извршено во самоодбрана.

„Замислете 14-годишно дете кое било цел на 50-годишен маж кој 3 часа го полевал со алкохол и 3 литри пиво. Потоа го однел во шума и му понудил 50 лева да му плати и се обидел да го силува. 50-годишниот маж го удрил мојот клиент во глава кога се свртел и се обидел да побегне“, изјави бранителот.

Адвокатот додаде дека нема докази оти момчето се обидело да го сокрие телото, а тоа можело да го направи и некој друг. Телото е откриено неколку дена подоцна, а во околината има наркозависници, додаде бранителот.

Пред судот Мишо Асенов рече дека му е жал.

Текстот Адвокатот на детето кое го уби Македонецот: Три часа го напивал со алкохол, со три литри пиво – убиството е во самоодбрана е превземен од МАКФАКС.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...