23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаУФЦ ѕвездата Џордан Џонсон пристигна во Македонија – од 3 до 6...

УФЦ ѕвездата Џордан Џонсон пристигна во Македонија – од 3 до 6 мај ќе одржи семинар во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

УФЦ борецот Џордан Џонсон пристигна во Скопје кој е ексклузивен гостин на Боречкиот клуб Олимпија од Штип. Американецот Џонсон беше пречекан од директорот на БК Олимпија, Методи Сичков. Џордан од 3 до 6 мај ќе одржи семинар во Штип, пренесува ipon.mk.

<

Џонсон има 12 победи во ММА (2 КО/ ТКО, 4 завршница и со 6 одлука) и 2 порази (1 КО/ТКО и 1 со одлука). Настапува во ПФЛ, УФЦ, РФА .

„Џонсон ќе одржи 4 т.н. клиники, во кој ќе одржи промотивни тренинзи на база на семинар, со цел согледување на потенцијалот, но и промоција на овој спорт кај младите. Имајќи предвид дека станува збор за еден од најпрестижните, но и најмасовно поддржуваните боречки спортови во светот, ова ќе претставува одлична можност не само за штипјани, туку и за сите млади од земјата. Со оглед на тоа дека основниот спорт во кој Џонсон ја започнува својата кариера е борењето, БК Олимпија ќе биде негов домаќин, не само за овој настан, туку и за идните ангажмани кои во перспектива ги има Џонсон, во наштата земјата и во Источна Европа. За таа цел Олимпија, која е домаќин на Џонсон, има чест да ги покани сите млади спортисти од боречките спортови, борење, џудо, бокс, карате, К1 и слично, кои се заинтересирани да одржат тренинг со Џонсон“, велат од БК Олимпија.

Трошоците за присуство на овие тренинзи на база на семинар и се на товар на БК Олимпија

„Сите заинтересирани спортисти од боречките спортови борење, џудо, бокс, карате, К1кои сакаат да се запознаат со боречките вештини на овој голем спортист и да учествуват на тренинзите со Џонсон да се пријават во БК Олимпија. Тренинзите ќе се одржат во спортската сала „Славејко Арсов““ истакнуваат од штипскиот клуб.

Планот и програмата ке се одвива по следниот редослед:

На 3 мај 10:00-17:00 часот (Македонија/ Штип) еволуција-состанок со градоначанлик на Штип Иван Јорданов;

На 5 и 6 мај борачки активонсти во Штип и состаноци;

На 6 мај 10:00-17:00 часот (Штип) еволуција, борачки активности.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...