16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаСветШокантно. Српските Деца Го Направија Херој Детето Убиец

Шокантно. Српските Деца Го Направија Херој Детето Убиец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Социјалните мрежи, според српските медиуми, вријат од коментари во врска со масакрот што се случи денеска во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград, каде што 14-годишното момче К.К. уби девет лица – осум ученици и чувар на тоа училиште – и рани шест ученици и еден наставник. Пишуваат дека додека огромното мнозинство луѓе емотивно го коментираат незапамтениот хорор, има и такви за кои убиецот е херој, пренесува Макфакс и објавува фотографии од луѓето кои споделиле.

<

Недостаток на емпатија, чиста грубост, нешто друго или сето тоа заедно, само во нашето општество има деца на кои сето ова им е смешно и забавно, стои во написите на српските медиуми. Што е уште полошо, како што анализираат, се споделуваат коментари на социјалните мрежи без трошка срам, па дури и сочувство за семејствата на жртвите, величајќи го момчето кое денес остави многу семејства во црно.

Еден од пријателите на момчето-убиец до неговата фотографија напишал „крал“, а додал и три емотикони на кралска круна и неколку пиштоли. Веста за масакрот, како што пишувааат медиумите од соседството, за некои е толку добра што на трагедија правеле несолени шеги во гејмерски стил, со сите коментари „мега убиец“, „крал“ и слично.

На ваквите реакции укажа и српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното вонредно обраќање до нацијата по повод масакрот во училиштето.

„Кога ќе ја погледнете шемата што ја нацртало момчето, ќе видите дека играл некаква игра. Гледате дека не се кае, дека не разбира што направил, бидејќи мислеше дека за еден дел од нив стана херој на социјалните мрежи. Од прогонувано момче сега е задоволен бидејќи стана херој“, изјави Вучиќ.

Инаку утрово во Белград 14-годишникот К.К. дошол во училиштето и прво пукал во чуварот, потоа кон три девојчиња кои биле во ходникот, а потоа влегол во кабинетот по историја.

Прво пукал во учителката и ја ранил, а потоа учениците скокнале врз него за да го спречат да ги убие сите.

Во таа училница, сепак, убил пет ученици.

Со себе имал два пиштоли и четири молотови коктели. Полицијата го пронашла во училишниот двор, каде што бил фатен.

Пред училиштето набрзо се собраа голем број родители чии деца го посетуваат училиштето.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...