16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНов хорор во основно училиште: Ученик извадил пластичен пиштол и го вперил...

Нов хорор во основно училиште: Ученик извадил пластичен пиштол и го вперил кон неговите соученици.

Во Основното училиште „Јефимија“ во Обреновац ден по страотниот масакр во училиштето во Врачар е снимен нов ученички инцидент. Имено утрово, по минутата молчење во знак на загубените животи, момче извадило пластичен пиштол од ранец, а друг сооученик го вперил кон останатите деца во училиштетот.

– На местото на настанот веднаш реагираше училишниот полицаец. Во првиот разговор со класниот раководител било констатирано дека по едноминутно молчење наставникот ги оставил децата во училницата неколку минути за да утврди дали сите деца влегле во нивните училници, односно дали биле во ходниците на училиштето за да започне наставата. За тоа време ученик извадил пластичен пиштол кој му го покажал на друг. Тој другар го зел пластичниот пиштол најверојатно со намера да го фрли во канта, но му ја одзел трето момче, кое почнало да мавта со него во училницата – пишуваат српските медиуми.

Децата кои биле во училницата биле преплашени, известена е класниот раководител како и службата на Центарот за социјална работа, а едно од овие момчиња со својот родител било предадено на припадници на МУП кои веднаш реагирале по повикот.

– Повторно неверојатна вест, во дежурната полиција е пријавено дека во 07.35 часот веднаш по едноминутниот молк во Обреновац, во ОУ „Јефимија“ во центарот на Обреновац, ученикот М.Д.(2009) извадил пластичен пиштол и го вперил во правец на учениците. Сè се случило кога дежурната наставничка по едноминутно молчење ги оставила децата во училницата, за да утврди дали сите деца влегле во училниците за да започне часот. За тоа време М.Д. извадил пластичен пиштол, кој му го покажал на друг, кој му го одзел со намера да го фрли во канта, а потоа интервенирал трет ученик кој земал пиштол и почнал да мавта околу училница Веднаш реагирала училишната полиција. Децата биле исплашени, директорот, службата на Центарот за социјална работа, а едно од момчињата е предадено со родителите на припадниците на МУП, кои веднаш реагирале по повикот за ваква настан – пишува „Мондо.рс“

Да потсетиме, ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар вчера уби осум ученици и еден чувар, а тешко рани уште шест ученици и еден наставник по историја.

Во Србија е прогласена тридневна жалост, а наставата во сите училишта во Србија почна утрово со едноминутно молчење, со цел да им се оддаде почит на учениците и вработените во основното училиште Владислав Рибникар во Врачар. И попладневната смена ќе започне со едноминутно молчење.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...