8.9 C
Ohrid
среда, мај 14, 2025
ПочетнаМакедонијаТриесет и шест години од отворањето на првите патарини во Македонија.

Триесет и шест години од отворањето на првите патарини во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Низ патарините на коридорите 8 и 10 лани транзитирале 52 милиони возила при што е остварен вкупен приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување за 15 проценти. Граѓаните се уште го преферираат плаќањето во готово со нешто над 55 проценти, но во подем е и електронската наплата која учествува со околу 30 проценти во вкупната наплата, а безготовинското плаќање со платежни картички околу 15 проценти.

<

Од Јавното претпријатие за државни патишта, кое денеска одбележува 36 години постоење на патарините во земјава, велат дека наплатната служба веќе не е синоним за полнење на негативни содржини на насловните страници, туку има имиџ на сериозна служба која 24/7 е во функција на патникот, а вработените се секогаш на ниво на задачата.

Споредбено по години бројките се движеле во нагорна линија, па така во 2019 година остварен е вкупен промет од 43.607.588 евра, во 2020 година, во услови на пандемија и намален сообраќај забележавме промет од 34.029.562 евра, во 2021 година, од 46.401.122 евра. И оваа 2023 година проекциите се движат во нагорна линија и очекуваме приход од околу 56 милиони евра, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.
Тој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-директорот на ЈПДП Благојче Трпевски извршија увид во работењето на наплатната служба на наплатната станица Петровец каде што се наоѓа и Оперативниот центар преку кој се мониторира работењето на сите наплатни станици.

Ова значи добивка не само за ЈПДП туку добивка и за граѓаните и државата бидејќи сите овие средства се инвестираат во нови патишта, во рехабилитација на постојните и одржување на сите регионални патни правци, изјави министерот Бочварски.
Во јули 2019 година почна да функционира и електронската наплата на патарините која, според податоците од ЈПДП, бележи постојан раст како во продажбата на електронски уреди, така и во надополнувањето. Така, од 2019 година до сега, продадени се вкупно 146.492 М-Смарт картички и М-Таг во количина од 18.477 уреди и направени се вкупно 892.673 поединечни надополнувања на електронски уреди.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ ѝ ја намали казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани!

Новиот македонски шампион Шкендија соопшти дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ ја намалила казната која беше изречена поради скандалозниот потег на домашените навивачи...

Врховниот суд уште на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години затвор за трговија со дрога.

Врховниот суд уште на 7-ми мај ја укинал пресудата со која Васил Јованов беше осуден на 3 години затвор за трговија со дрога. Но,...

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков

Во Градскиот парк кај бараките на Град Скопје е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, додека спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. До...

Адвокатот на Васил: Ќе се жалиме, 12 години затвор се премногу !!!

Адвокатот и бранител на обвинетиот Васил Јованов, Сашко Дуковски, изјави дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна. Според Дуковски претходните вакви случаеви...