17.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаУченик од ОУ во Скопје вперил пластичен пиштол кон соученици

Ученик од ОУ во Скопје вперил пластичен пиштол кон соученици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По случувањата изминативе три дена во Србија каде 13 годишен ученик усмрти 8 ученици и чувар на училиштето, а следниот ден 21 годишно момче изврши масакр убивајќи 8 и ранувајќи 14 лица, Македонија ги бележи првите инциденти.

<

Курир дознава дека ученик од скопско основно училиште вчера на училиште дошол со пластичен пиштол. Пиштолот играчка во еден момент го вперил кон други ученици, но потоа го предал.

Инцидентот се случил околу пладне, во училиштето кое се наоѓа на територија на Чаир. Потврда за овој настан добивме од Министерството за внатрешни работи.

-На 05.05.2023 во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници, велат од МВР за Курир.

Дознаваме и за уште еден инцидент кој се случил вчера во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Извори за Курир велат дека список со имиња бил забележан во една од паралелките, по што се јавила вознемиреност кај учениците. Во одговорот кој го добивме од МВР, е наведено дека четири средношколки објавиле содржина со закана на социјална мрежа.

-На 05.05.2023 полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица дознава КУРИР.МК
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Курир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...