28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, порача Спасовски на Денот на...

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, порача Спасовски на Денот на македонската полиција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бележиме најдобри резултати во последните 30 години, благодарение на кои Република Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот. Тоа се наши заеднички резултати, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговиот говор на централната прослава за Денот на македонската полиција – 7 Мај, што се одржува на сцената на Долни Сарај во Охрид.

<

Според Спасовски, МВР под раководство на неговиот тим изминатите години се етаблирало како институција во која работат професионалци кои неуморно ги извршуваат обврските, а во однос на резултатите тој сподели статистички податоци со кои минатата 2022 година била завршена со шест отсто помал криминалитет во споредна со една година претходно.

Со задоволство можам да констатирам дека минатата година ја завршивме со шест отсто намалување на вкупниот криминалитет, а откривачката функција на кривичните дела од организиран криминал бележи зголемување од 40 отсто. Дури 70 отсто е зголемувањето на откриените дела поврзани со шверцување мигранти, а зголемување за над 30 отсто имаме и во спречените обиди за илегално преминување на државната граница. Запленивме над 2,4 тони дрога, како и 20 тони најразлични прекурсори, сузбиени се 15 криминални групи, од кои дури 12 делувале во областа на недозволената трговија со дрога. Спречени се вкупно осум меѓународни транспорти на марихуана, кокаин и хероин“, потенцираше министерот.

Позитивниот тренд, посочи тој, продолжил и годинава, па во првите четири месеци од 2023 вкупниот криминалитет е намален за 12,6 отсто во однос на истиот период лани.

Тој откри и дека во тек се осум национални и 12 локални оперативни акции од областа на класичниот и сериозниот криминал, а во моментов се постапува по 244 криминалистички истражувања.

Според Спасовски, полицијата прераснала во пријател на граѓаните и кредибилен партнер за соработка на меѓународен план.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...