26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЗакажани итни состаноци - ќе се забранува Тик Ток во училиштата?

Закажани итни состаноци – ќе се забранува Тик Ток во училиштата?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Закажани се итни состаноци во училиштата во Македонија по масакрот во Белград. Ова го посочува министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој и натаму како прва мерка ја гледа забраната за употреба на „Тик-ток“ поради материјалите што се пласираат.

<

Исто така се бара задолжителен тест на дрога кај средношколците и кај учениците од деветто одделение, контрола на оружјето што го имаат граѓаните, анализа на казните за извршителите на насилство и контрола на интернет-провајдерите се меѓу мерките што денес ги претстави професорот Марјан Ѓуровски како дел од предлозите за зголемување на безбедноста во училиштата. Тој заедно со тим професори од Филозофскиот факултет го спроведува научноистражувачкиот проект „Безбедноста во училиштата – градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“, со кој, како што нагласи, Универзитетот „Кирил и Методиј“ ја става во прилог на праксата за градење механизми за рано предупредување за насилство, особено по убиствата во Србија.

Предлагаме да се размисли за воведување задолжителен тест кај учениците од средно образование и кај учениците од деветто одделение на дрога и наркотични средства, и тоа еднаш-двапати во текот на училишната година. Сакаме да им предложиме на институциите серија мерки не само за Министерството за образование и наука туку и, за пример, од Министерството за внатрешни работи. Дополнително, треба да се ангажира Министерството за внатрешни работи да направи контрола на лесното и мало оружје што го поседуваат граѓаните. Сега е моментот кога се врши пререгистрација на дозволите на граѓаните и мора да се зајакнат контролата на начинот на чување на оружјето и почитувањето на регулативата кај стрелиштата. Потребна е и посебна регулатива за тоа кој може да поседува лесно и мало оружје, но и начинот како тие ќе се користат. Предлагаме Министерството за правда да направи анализа на казнената регулатива во делот на политиката за извршителите на насилство, но и во делот на казнената регулатива на оние што не постапуваат во однос на одговорностите што ги имаат за справување со безбедноста“, рече Ѓуровски.

Тој најави дека со интердисциплинарниот пристап на проблемот ќе бидат направени прирачници, но и механизми, а еден од предлозите е и да се дојде до национална платформа за безбедносна култура, превенција и рано предупредување за сите видови насилство кај децата и младите.

Ѓуровски вели во соработка со Бирото за развој на образованието има предлог да се разгледа можноста за развој на предметна програма од областа на безбедносната култура во основното, средното и во високото образование, каде што би било и справувањето со природните катастрофи, со сајбер-безбедноста, но и со насилството.

Министерот за образование, пак, Јетон Шаќири, рече дека во фаза на изработка се правилници, протоколи и платформа, но првите препораки до сите училишта ќе бидат доставени до крајот на неделава за превенирање и постапување во случај на насилство, а ќе се разгледа можноста за начинот на ограничување на социјалните мрежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...