17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаСветУапсен е пратеник од САД- лажел за сѐ, дури и за верската...

Уапсен е пратеник од САД- лажел за сѐ, дури и за верската припадност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот републикански пратеник Џорџ Сантос, чии лаги по неговиот избор во ноември минатата година го забавуваа светот на политиката и медиумите, денеска е уапсен врз основа на обвинение поднесено пред федералниот суд.
Сантос е обвинет за злоупотреба на средства за кампањата, лажење на Конгресот за изворите на неговите приходи и мамење за да добие незаслужени бенефиции за невработеност, објавија денеска обвинителите.

<

Во обвинението се наведува дека Сантос ги охрабрил своите гласачи да му донираат пари, уверувајќи ги дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. Наместо тоа, велат обвинителите, тој го потрошил на себе – купувајќи скапа облека и отплаќајќи кредитни картички и рати за заем за автомобил.

Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за неговите финансии на официјалните документи на Конгресот и дека аплицирал за бенефиции за невработеност (кои ги добивал) додека бил регионален директор на инвестициска компанија која државата ја затворила во 2021 година, по обвинувањата дека тоа е т.н. Понзи шема.

Џорџ Сантос (34), кој ги зголемил финансиските приходи и ја разубавил својата биографија, призна дека измислил добар дел од својата биографија.

Овој конгресмен, кој себеси се опишал како „остварување на американскиот сон“,е обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк, па дури и во Бразил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...