13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата денеска ги проверуваше учениците дали со себе носат оружје или дрога...

Полицијата денеска ги проверуваше учениците дали со себе носат оружје или дрога !!!

Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон.

При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.

Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од МВР.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...