21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонија„Моцарт“ ќе го отпушти работникот кој пуштил дете да се коцка на...

„Моцарт“ ќе го отпушти работникот кој пуштил дете да се коцка на ВЛТ-апарат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со смислено снимање и на низок и неморален начин некој се обидува да го оцрни името на компанијата „Моцарт“. Вака реагираше оваа компанија, откако Клан Македонија објави видео на кое се гледа како малолетник ја „пробува среќата“ на еден од апаратите во оваа обложувалница.

<

„По разговорот со вработениот и прегледувањето на снимките од надзорните камери на објектот, повеќе од јасно е дека целата оваа ситуација била однапред испланирана за да и се наштети на компанијата. Кога вработениот забележал дека на местото на плаќање има малолетно дете, веднаш реагирал и побарал малолетникот да го напушти објектот“, велат од Моцарт.

MOZZART, како одговор, тврди дека целиот настан го испланирале тројца полнолетни и тоа е утврдено по проверка на безбедносните камери. Од таму велат дека го раскинале договорот за вработување со вработеното лице кое не превземало мерки за отстранување на малолетникот.

„Веднаш беше одобрена одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок на работникот кој дозволил малолетното лице да остане на местото на уплаќање, поради прекршување на одредбите од Законот за коцкање како и кодексот за деловно однесување“, се вели во реакцијата на Моцарт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...