27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски од Охрид: Почитувани граѓани, дозволете ми во свое и во...

Министерот Спасовски од Охрид: Почитувани граѓани, дозволете ми во свое и во име на МВР да го честитам државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почитувани граѓани,

<

Дозволете ми во свое и во име на МВР да го честитам државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, мисионерите на христијанството помеѓу Словените, почитувани како светци еднакви со Апостолите, а во поново време и патрони на Европа.

24 Мај неслучајно е избран за одбележување на делото на Светите браќа како носители на писменоста на словенските народи. Изумувајќи ја глаголицата, првата азбука на која се препишал старословенскиот јазик, тие ја започнале и Моравската мисија како тогаш најучени во целата Византиска империја. Целта била на разбирлив народен јазик да се проповеда учењето на Спасителот. Па, така, Светото писмо било прво преведено, по што следеле богослужбени книги кои го јакнеле духот на народот.

Полемизирајќи со оние кои имале отпор кон јазикот на Кирил, т.н. тријазичници, според тоа дека признавале богослужба само на трите јазици испишани на Христовиот крст – грчки, еврејски и латински, тој ја докажал потребата на секој народ да пишува и да ги кажува своите молитви кон Бога на својот јазик.
Во одбрана на вистината тој рекол: „Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?”

Римскиот Папа Адријан Втори и римските граѓани ги пречекале Кирил и Методиј со голема почит – со признание на словенското писмо за свето и со дозвола за употреба на словенскиот јазик во богослужба.

Нивната мисија била да служат за доброто на сите словенски народи, да бидат во единство со Црквата. Токму затоа се и сметани за симболи на културниот дијалог помеѓу Источниот и Западниот христијански свет.

А, за нас Македонците, за овој процес на создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните следбениците на Светите браќа, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе ја создадат кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо, со право можеме да кажеме дека Писмото, македонскиот јазик, е наш универзум, темелот на нашиот идентитет!

Нека е за многу години 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...