4.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејство од Кратово си ги бара близначките Лила и Лилјана !!!

Семејство од Кратово си ги бара близначките Лила и Лилјана !!!

spot_img

Лила и Лилјана Тодорови, од мајка Ратка и татко Иван, од село Мушково, Кратово, родени на 25-ти мај во далечната 1955 година, ја имале судбината да не живеат и растат покрај своите родители, сестра и три браќа, бидејќи мајка им починала по породувањето, а татко им не можел самиот да се грижи за сите деца.

Близначките кои сега би требало да имаат по 68 години, неофицијално, биле оставени во Домот за доенчиња и деца во Битола, а што потоа се случувало со нив, дали и каде биле посвоени, дали евентуално и двете биле посвоени во исто семејство, останува енигма за нивните блиски роднини, кои со години безуспешно трагаат по нив.

Дали добиле други имиња, дали можеби и податоците околу датумот и место на раѓање им се променети, останува непознато.

Нивната единствена сестра, Кумрија Јосифова, која е девет години постара од нив, се уште не губи надеж дека еден ден ќе ги пронајде. Тројцата браќа, Русе, Љубе и Петруш, за жал починале, а сега потрагата по Лила и Лилјана ја продолжува ќерката на Кумрија, Анета, но и синот на еден од браќата, Тони Иванов.

Нашата потрага трае долги години. Татко ми почина многу одамна, млад, а потоа починаа и неговите браќа, жива е само тетка ми Кумрија, сестра на близначките. Од она кое го знаеме, баба ми починала по породувањето, а Лила и Лилјана 12 дена биле во болница. Од таму, заедно со бабицата биле однесени, како што му кажале на дедо ми, во Домот за деца во Битола, но тоа со сигурност сепак не можеме да го тврдиме.

Многу прашања останаа неодговорени – за „Фокус” раскажува внукот од брат на близначките, Тони.

Појаснува дека пред повеќе од десет години се појавил и на ТВ емисија и ја раскажал приказната за потрагата. Но, до денес, никој не му се јавил да му даде било каква информација.

– Во Домот во Битола повеќепати се јавувавме, ни беше кажано дека тоа се тајни податоци и не можат ништо да откриваат. И преку Центарот за социјална работа од Кратово испратив писмен допис до Битола, но одговорот секогаш беше ист. Мала надеж ми даде една соседка, која ми раскажа дека пред долги години татко и, кој сега е починат, на телевизија гледал интервју со две сестри близначки, Лила и Лилјана, кои работеле како докторки во Скопје. Претпоставка е дека можеби тоа се тие, но тој тогаш не кажал никому, не запамтил детали, и целата работа остана само на шпекулации – вели Иванов.

За презимето Иванови, појаснува дека првин на целото семејство им било Тодорови, и не знае зошто потоа било променето во Иванови, некаде во шеесеттите години.

-Значи, близначките се родени како Тодорови, така се запишани и во изводите. Но, во тоа време немало матични броеви. Сето тоа дополнително ја отежнува потрагата. Инаку, ако е од помош, целото семејство сме високи луѓе, дедо ми и баба ми имале светли коси. Фотографија од близначките имавме само една, како лежат на кревет, но со тек на време се изгуби и таа. Немам ниту фотографија од баба ми, а од дедо ми имаме една од времето кога веќе беше стар, со побелена коса. Затоа, тетките ги замислувам како високи жени, со светли коси…

Многу би сакале да ги пронајдеме, да ги запознаеме, да ги запознаеме и нивните семејства. На сите ни е жал што дедо ми морал да се откаже од нив, но самиот не можел да се грижи за шест деца. Кога тие се родиле, неговото највозрасно дете имало 11 години. Тој дури и се трудел близначките да бидат дадени во семејство во Кратово, за да може да ги гледа како растат, но му било кажано дека не може така, туку тие ќе бидат однесени во домот во Битола.
Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Два пати силно заѕвони ѕвоното на Детска онкологија: Вукашин и Ана се нашите суперхерои

На Детската клиника за Онкологија два пати најсилно завони ѕвоното кое обележува крај на лекувањето од најлошата болест. Вукашин и Ана се нашите суперхерои...

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...