31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаКривична пријава за КОМАНДИРОТ на полициската станица во Виница !!!

Кривична пријава за КОМАНДИРОТ на полициската станица во Виница !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување

<

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М.А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, став1 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 31.08.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возила, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РСМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе биде покренат предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...