13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаСветШведска го прогласи сексот за спорт и е домаќин на првото Европско...

Шведска го прогласи сексот за спорт и е домаќин на првото Европско првенство во секс

spot_imgspot_img

Шведска стана првата земја во светот која официјално го регистрираше сексот како спорт. Таа е и домаќин на првото Европско првенство за секс во Гетеборг, кое ќе почне на 8 јуни. Шампионатот се одржува во организација Шведската секс федерација, а ќе трае шест недели со учесници кои ќе се занимаваат со сексуални активности во 16 дисциплини. Тука се вклучени : заведување, орален секс, предигра и др.

Учесниците ќе се занимаваат со сексуални активности од 45 минути до 1 час секој ден во своите натпревари . Времетраењето ќе биде според натпреварот, но некои извештаи велат дека натпреварувањата може да траат и до шест часа на ден.

На првенството ќе учествуваат 20 луѓе од различни земји, според првичните регистрации, додека за победниците ќе одлучува комисија од тројца судии, како и рејтингот на публиката.

Според извештаите, учесниците исто така ќе бидат оценувани во 16 дисциплини кои ќе вклучуваат орален секс, заведување, пенетрација, издржливост, број на оргазми, познавање на секс, хемија и комуникација помеѓу парот, изглед итн. Во согласност со овие аспекти, учесниците можат да добијат помеѓу пет и 10 поени.

Драган Братих, претседателот на Шведската секс федерација соопшти дека признавањето на сексот како спорт е неизбежно, како што пишува „Times of India“ и го истакна потенцијалот за физичка и ментална благосостојба преку сексуалната активност и важноста на тренинзите.

„Исто како и секој друг спорт, за да се постигнат посакуваните резултати во сексот потребен е тренинг. Затоа, логично е луѓето да почнат да се натпреваруваат и во оваа област“, рече Братих, цитиран од „Times of India“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...