17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на психијатриската болница во Бардовци Мухсин Арифи, згрозен од тепањето на...

Директорот на психијатриската болница во Бардовци Мухсин Арифи, згрозен од тепањето на пациентот, и самиот признава дека болницата не била безбедна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот на психијатрсиската болница во Бардовци, Мухсин Арифи, се огласи по видеото на кое пациенти тепаат новодојдено лице во установата.
Директорот образложи дека станува збор за пациенти сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд, осносно лица кои сториле кривични дела како убиство и обид за убиство.

<

„Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови. Ве известувам дека од моја страна по настанатиот случај се преземени ситe безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните инситуции кои во моментот се грижат за безбедноста“, рече директорот.

Додаде дека очекува во најкраток рок институциално решавање на случајот, а во меѓувреме започнал со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел, вели директорот, е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање.

Макфакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...