15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЕгипќаните веруваат во Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Египќаните веруваат во Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Египќаните не се застапени во извршната власт, имаат проблем со реализирање на основното човеково право да се декларираат во училиштата и во институциите на системот како Египќани, и се заведени под категоријата други, врз Египќаните катадневно се применува системска дискриминација, не се институционално интегрирани и како резултат на тоа немаат перспективи за достоинствен живот во својата татковина Македонија, соопшти во средата коалицијата на Египќани.

<

Поради тоа, како што се наведува во соопштението, припадниците на заедницата се одлучуваат да ја напуштат својата татковина Македонија, и својата срека да ја побараат во западноевропските држави.

„Македонија, секој ден тоне на економски план, има политички затвореници, се врши тортура врз неистомисленици, има огромна сиромаштија, а тоа особено се удира врз Египќаните како ранлива етничка категорија.

Ние, како Египќани, сме биле и ќке бидеме најгласни и најупорни да бидеме внесени во Преамбулата на Уставот, но не под диктат и притисок на трети страни.

Египќаните во последните шест години имаат повисока стапка на морталитет наспроти наталитетот, а тоа погубно за државните национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Кирил Пецаков, на дело покажаа дека сакаат да ги видат интегрирани Египќаните во институциите на системот, тоа може лесно да се види во Охрид, каде има и најмногу Египќани.

Силно веруваме во намерите и способностите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ професорот Христијан Мицкоски, како и неговите симпатии и пријателски однос во однос на Египќаните и кон сите граѓани во Република Македонија, и затоа безусловно го поддржуваме“, се истакнува во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...