16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаСветУбиецот на Аркан се враќа во Србија: По 12 години Добросав Гавриќ...

Убиецот на Аркан се враќа во Србија: По 12 години Добросав Гавриќ ќе биде екстрадиран преку Интерпол

spot_imgspot_img

Добросав Гавриќ, убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан и двајца негови пријатели, кој веќе 12 години е во притвор во Кејп Таун, Јужна Африка, наскоро би можел да биде зад решетки во Србија, откако судот месецов му даде зелено светло на Интерпол да го екстрадира.

Како што пренесува јужноафриканскиот портал „Netwerk24“, неговата одбрана најавила дека повторно ќе поднесат жалба на ваквата одлука бидејќи Гавриќ не сака да биде екстрадиран во својата земја. Бранителот на Гавриќ во Србија, адвокатот Вељко Делибашиќ за српски „Курир“ кусо вели дека не бил информиран за ваквата одлука.

Гавриќ, во Србија беше осуден на 35 години затвор затоа што на 15 јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ ги застрела Ражнатовиќ, Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ додека седеа во кафулето во хотелот.

Гавриќ се бранеше од слобода на судењето за тројно убиство во „Интерконтинентал“. Се даде во бегство во 2006 година, во пресрет на првата пресуда. Ништо не се знаеше за него, како и за Мирослав Ѓуричиќ – Мики, кој исто така исчезна во тоа време, се до 2011 година, кога беше уапсен во Јужноафриканската Република. Тогаш се утврди дека со лажното име Саша Ковачевиќ дошол во таа земја во 2007 година преку Италија и Еквадор – потсетува соговорникот на Курир.

Наводно, тој живеел со сопругата и децата во луксузен стан на морскиот брег во Кејп Таун. Според истите извори, тој и неговата сопруга имале ресторан во Јоханесбург и компанија за увоз и извоз. Вистинскиот идентитет на Гавриќ, како што претходно објавија медиумите, беше откриен кога тој беше ранет во пукотница во која загина еден од водачите на подземјето во ЈАР, Сирил Бика. Српскиот бегалец во тој момент бил зад воланот на автомобилот и во пукањето бил тешко повреден, но бил приведен кога било утврдено дека се работи за човек по кој е распишана потерница од Интерпол.

Во текот на постапката по барањето на Србија за негова екстрадиција, Гавриќ побара да му се даде статус на бегалец, побара азил и се спротивстави на неговата екстрадиција во Србија, тврдејќи дека е осуден во „политички монтиран судски процес“ и дека се плаши за својот живот поради, како што ги нарече, „одмаздниците на Аркан“, доколку биде испратен во Србија.

Гавриќ во текот на судскиот процес за убиството во „Интерконтинентал“ негираше вмешаност во злосторството. На судењето сведочеше и вдовицата на Аркан, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која на едно рочиште во судницата му се обрати на Гавриќ со зборовите:

Седеше со наведната глава, свртен кон излезот, убаво те видов преку рамото на Жељко. Ќе повторам сто пати! Апсолутно сум сигурна. Предавник, знаеш ли кого предаде, кого уби? Смрдеш, ѓубре!“.

На излегување од судницата вдовицата го плукна Гавриќ.

По судската постапка, освен Гавриќ, на по 30 години затвор се осудени и Милан Ѓуричиќ – Мики и Драган Николиќ – Гаги.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...