21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонија„Службените возила во Македонија за викендите се по нивите за Швалерај“

„Службените возила во Македонија за викендите се по нивите за Швалерај“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Службените возила да добијат посебни таблички, затоа што се користат по ниви и за швалерај смета петседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески кој денеска излезе со тој предлог.

<

Тој пред новинарите рече дека „службените возила се возеле по ниви и се користеле за швалерај“.

Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности, вели првиот човек на Стопанската коморарече Азески.

Азески своите тврдења ги изнесе на месечното обраќање на Стопанската комора, пред голем број претставници од бизнис секторот, науката и институциите

Тој додаде дека треба да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1.320 со 129.000 вработени, да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се „разбудат“ корективите на власта.

Тој констатира дека постои голема поларизација меѓу власта и опозицијата, како и дека земјава од 2006 година е во континуирана кампања што многу лошо, рече, се одразува врз бизнисот.

Азески исто така ги посочи и на „популизмот во економските политики“.

Напомена дека државата не смее да му се меша на бизнисот и апелира дека секој мора да се занимава со својот домен, соодветно на функцијата што ја извршува, како и дека неопходно е и воведување економска дипломатија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...