22.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес се празнуваат Сите Светии - Сисвети

Денес се празнуваат Сите Светии – Сисвети

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес се празнува неделата посветена на Сите Светии – Сисвети.

<

Овој празник менува датум, но не и ден – секогаш се слави во неделата по Духовден и меѓу народот повеќе е познат како Сисвети.

Црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите Светии. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал.

Споменот на овие светци се празнува заедно со споменот на светците што имаат и посебни празници, за да се покаже дека сите верувале во еден Исус Христос и за него страдале. Се совпаѓа со Петрови поклади, бидејќи една недела по Духовден започнуваат Петровденските пости.

На манастирот посветен на овој празник во Охридското село Лешани на овој ден се прави голем собир на кој се собираат луѓе на само од Дебарца туку и од цела западна Македонија.

На овој празник именден празнуваат некои што немаат именден во календарот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...