27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветХит билборд од Србија – Мајката му се извини на синот...

Хит билборд од Србија – Мајката му се извини на синот зошто не верувала дека ќе заврши факултет?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синот се вработи, па ги стави студиите на пауза“ – открива мајката Дијана чиешто јавно извинување на билборд до синот осамна деновиве среде Белград, кога тој сепак завршил факултет, по цели 12 години, а таа не верувала дека некогаш воопшто ќе успее.
На социјалните мрежи масовно се споделува фотографијата од билбордот во Белград во кој една мајка јавно му се извини на синот затоа што не верувала дека ќе го заврши факултетот.

<

Коментарите за билбодот се најразлични: некои ја фалат мајката, други ја критикуваат, а што е всушност приказната зад ова јавно извинување?

„Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам сине, небото е граница! Мама Дијана“ – стои на фотографијата од билбордот во Белград што масовно се споделува на социјалните мрежи деновиве.

Додека некои упатија јавни пофалби до мајката, како босанскиот психолог Данијела Остојиќ, други ја критикуваат затоа што не го поддржувала синот додека тој се мачел да ги заврши студиите.

Психологот Данијела Остојиќ на својот Инстаграм профил ја сподели фотографијата од билбордот и до неа напиша:

„Долго време вака не сум се наежила. Еј луѓе, родителот јавно му се извинува на детето. Еве, пак се ежам додека го пишувам ова.

Ја молам мајката Дијана, ако случајно ја види оваа објава да се јави за да ѝ кажам ‘госпоѓо секоја чест’ и да ми помогне, да им помогнеме на сите родители да бидат на едно повисоко ниво на свест“.

Одговорот на ова прашање го даде и самата мајка Дијана, која за српски Telegraf ја раскажа приказната како дошло до тоа преку билборд јавно да му се извини на синот.

Дијана Мајкиќ Вукушиќ на својот Фејсбук профил ја сподели фотографијата од синот Марко, а раскажа дека ветувањето за јавното извинување му го дала на синот, откако тој се вработил и одлучил да ги паузира студиите и таа престанала да верува дека некогаш воопшто ќе ги заврши.

„Студираше 12 години Економски факултет во Белград и му реков: ‘ако го завршиш факултетот јас јавно ќе ти се извинам и тоа на билборд. И навистина кога тој го исполни своето ветување, па го исполнив и јас’“ – откри таа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...