16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски од Струга: Ви пренесувам поздрав од Заев, бидејќи без него и...

Ковачевски од Струга: Ви пренесувам поздрав од Заев, бидејќи без него и Ципрас денес ќе беше обичен ден и немаше да има ниту Преспа, ниту форум, ниту дијалог

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски, се обрати на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог, што се одржува денеска и утре во Струга, и по подолго време го спомена во јавност неговиот претходник.

<

„Сакам на почеток, да ви пренесам поздрави од поранешниот премиер г.Зоран Заев, кој не можеше да биде присутен тука, бидејќи без него и Ципрас денес ќе беше обичен ден и немаше да има ниту Преспа, ниту форум, ниту дијалог, туку се уште ќе имаше преговори кои ќе траеја без некаква ориентација кога ќе завршат. Тоа е така затоа што тие двајца имаа храброст да донесат одлука, имаа визија и покажаа лидерство каква што политиканти никогаш нема да донесат бидејќи тие не гледаа на својот рејтинг за наредните избори, туку гледаа за иднината на граѓаните и на Северна Македонија и на Грција да живеат како соседни држави со добрососедски односи и двете земји да се членки на НАТО и во иднина членки на ЕУ. Би замолил за еден аплауз и за Заев и за Ципрас“, рече Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...