16.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВработените во Македонската филхармонија повеќе не молчат- Денес во 12:30 часот ќе...

Вработените во Македонската филхармонија повеќе не молчат- Денес во 12:30 часот ќе протестираат пред Владата !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска во 12:30 часот, вработените во Македонската филхамонија ќе одржат нов протест пред Владата, бидејќи како што велат, се уште нема решение ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.

<

„Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција.

Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години потстанарски живот во објекти кои не ги биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цела – да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна.

А фактите говорат дека: Објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија. Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интереси.

Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Она што загрижува е и фактот дека некои медиуми без тронка совест и одговорност ги погазија основните принципи на новинарскиот кодекс. Заборавија дека треба бидат „коректив“ на власта, и објективно да ги презентираат проблемите на граѓаните во јавноста. Наместо објективност, некои медиуми и поединци, преку ширење лажни вести и дезинформации отворено и без тронка одговорност поттикнуваа говор на омраза кон нашата институција. Наместо да бидат коректив, некои новинари, за жал, станаа огледало на нашата држава.

Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животно загрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата“, велат од Филхармонија.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Паункоски: Поддршка за младите претприемачи во Дебрца!

Поддршка за младите претприемачи во Дебрца! Кандидатот за градоначалник на општина Дебрца ветува дека ќе им даде силна поддршка на сите кои ќе сакаат да...

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на 2026 година

Првите 11 километри од автопатот Прилеп - Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10 во должина...

Враќањето на името Македонија тема на дискусија во Собрание, еве што одговори премиерот Мицкоски

На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски, објави 4NEWS.mk Реџепи го праша премиерот дали државен интерес...

Комбе со работници излетало на експресниот пат Штип – Радовиш, има загинати и повредени!

Утринава комбе што превезувало работници излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип – Радовиш. Според првичните информации, во несреќата има загинати...