20.5 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАктивистот за човекови права штрајкува со жед пред Собранието

Активистот за човекови права штрајкува со жед пред Собранието

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Активистот за човекови права и слободи Суад Мисини го започна најавениот штрајк со жед. Оваа негова постапка доаѓа како резултат на негрижата на институциите да не одобрат законски измени во корист на лицата за кои државата нема никаква евиденција, познати како граѓани фантоми. Според него, за еднаш засекогаш да се реши овој проблем мора да се сменат законите за лична карта и за живеалиште. Оптимист е дека институциите навреме ќе интервенираат.
Треба да престане дискриминацијата која постојано им се прави на овие луѓе. Ова е држава, членка е на НАТО, има цивилизација и Устав. Немаме друг начин да го докажеме ова на дело освен да имплементираме стандарди. Не зборувам за меѓународни стандарди, туку за елементарни стандарди: право на живот. Потребни ни се домашни стандарди почнувајќи од Уставот, кои не треба да бидат тоалетна хартија. Мора да изградиме република“, изјави Мисини за Алсат.

<

Повикувајќи се на медицинските препораки, штрајкот од жед се смета за еден од најопасните удари по здравјето на луѓето и не може да трае повеќе од 3-4 дена. Но, Мисини вели дека е свесен за тоа што го прави.

„Оваа акција ја преземам со целосна свест. Не постои друг начин да се нагласи итната важност за итно средување на оваа област. Зборуваме за животот и судбината на луѓето. Не смееме да си играме“, рече Суад Мисини, Активист за слободи и човекови права.

Собранието минатата недела ги изгласа измените на Законот за матична евиденција, преку кои се овозможува евидентирање на околу 700 лица кои не се запишани во државниот регистар или се јавуваат во Евиденцијата на неевидентирани.

Новороденчињата треба да се запишат најдоцна во рок од 45 дена од датумот на раѓање, а до декември годинава во матичната евиденција мора да бидат вклучени и возрасните, малолетните и децата. Поради недостиг на документи, скопјанецот Мемет Камбер остана речиси 10 дена во мртовечница, а неговото семејство не можеше да го погребе.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...