19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Коридорот 8 нема ни механизација ни работници - Владата сепак смета...

На Коридорот 8 нема ни механизација ни работници – Владата сепак смета дека се работи со полна пареа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Времето врви, од градежна механизација ни трага ни глас.

<

Ништо не е променето кај автопатот Тетово – Гостивар откако пред 20 дена работници со механизација ископаа една дупка за трет почеток на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

-Два и пол месеци по првата церемонија која се одржа на 50тина метри од другата страна на патарината Тетово, се одржаа уште две церемонии за одбележување на почеток на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Денеска на терен нема ниту работници, ниту градежна механизација, ниту пак забележавме дека се прават геодетски испитувања.

Иако на терен нема ништо, надлежните уверуваат дека се работи со полна пареа.

-Да, започната е работата. Тој договор е веќе потпишан. Според договорот, прво започнуваат геомеханички истражувања коишто веќе се започнати, започнува фаза на проектирање. Бидејќи се работи за проектирање и изградба. Тие веќе работат согласно своите процедури. Имаат договор којшто е валиден. Исплатен е е аванс. Точната сума можат да ви ја дадат од Јавното претпријатие за државни патишта, вели премиерот Ковачевски.

Токму авансот за кој премиерот Ковачевски постојано топката ја префрла кај ЈПДП, е едно од неколкуте прашања кои ги доставивме до Државни патишта.

Добивме краток одговор на трите прашања без премногу детали. Од Државни патишта велат дека на Бехтел и Енка исплатени им се 117 милиони евра.

-Градежните работи на Коридорите 8 и 10д се отпочнати. Во моментов на трите делници се вршат подготвителни работи, геомеханички испитувања, подготовка за изградба на кампови и други активности. Во однос на исплатата Јавното претпријатие за државни патишта до овој момент има извршено една исплата во вкупен износ од 117 милиони евра кон изведувачот на работите, велат од ЈПДП.

Коридорите 8 и 10д уште од самиот старт ги тресат скандали. За надзор беше избрана фирма која претходно произведувала долна облека. Предмет отвори и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, но тој се уште е во предистражна постапка.
Сител Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...