26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСо убави вина и музика утревечер започнува второто издание на „Охридски вински...

Со убави вина и музика утревечер започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во нов термин кој симболично треба да го означи и стартот на годинешната туристичка сезона, утревечер започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“. Минатогодишното прво издание на овој празник на виното, храната и музиката, се покажа повеќе од одличен. Целта на фестивалот е да стане традиционален и
да ја дополни богатата културна програма на Охрид.

<

Оваа година за да имаме и посериозна и поголема посетеност го направивме во период да означува еден вид на почеток на туристичката сезона.„Ние како општина се надеваме дека оваа година уште пошироко ќе одекнат позитивните критики како Охридски вински фестивал“ и од година во година се надевам дека ќе расне и ќе добие поголем замав, а секако и поголема посетеност, како од домашните, така и од странските туристи“, – вели Кирил Пецаков – Градоначалник Општина Охрид.

Македонската енолошка понуда е една од најквалитетните во Европа и особено на Балканот. Фестивалот ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни. Охриѓани и гостите ќе може да уживаат во тридневната дегустација на македонските вина и вкусната храна, дополнети со богата музичка програма во изведба на македонски музички уметници. Годинава, своите вина ќе имаат можност да ги презентираат повеќе од 20 винарии од големите вински брендови и компании, како и некои од помалите винарии во државава.

„Имаме исто многу мали семејни винарии кои ќе учестуваат. Вкупно се повеќе од дваесет винарии.„Оваа година се пријавија многу повеќе винарии, лани имавме 10-12 оваа година имаме над 20 винарии, со посериозно учество на самиот фестивал. Ќе видите и сами и гостите ќе видат колку посериозен и поголем анстанот ќе биде“, – објасни Пане Темов – ко-организатор „Охридски вински фестивал“.

Отварањето на годинешното издание на фестивалот е резервирано за групите Баклава, Куку Леле, како и реномираниот изведувач на народна музика Миле Кузмановски.
Во петок ќе настапат „Брас Брадрс“, охридските рокери „Бекдор Бенд“ и „Лугер“, како и легендарните „Нокаут“. Последниот ден од фестивалот, сабота е резервиран за поп пеачот Александар Јосифовски, „Фиц енд д инвизиблс (најголемите хитови на студени нозе)“ и „Фанк Шуи“. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...