20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСтани Бугарин со нов извод за само 250 денари, апел од фондацијата...

Стани Бугарин со нов извод за само 250 денари, апел од фондацијата „Македонија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одлуката на македонското Министерство за правда во изводите од матичните книги на родени да се внесе нова графа за етничка припадност се претвори во шанса за македонските Бугари да дојдат до бугарски пасош за само 250 денари, колку што чини таксата за вадење извод. Фондацијата на Бугари во земјава „Македонија“ преку објава на Фејсбук ги повика Бугарите масовно да вадат вакви документи.
Според новиот закон, можете да го ажурирате изводот на родените и да напишете националност: бугарска. Сега проверуваме дали ова ќе ви даде можност со сигурност да добиете бугарско државјанство, но треба да напишете бугарска припадност во изводот на родените и со сигурност да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло и самосвест. Вадете масовно вакви документи од С. Македонија, во кои ќе пишува националност бугарска. Чини 250 денари“, објави фондацијата.

<

Апелот до македонските Бугари фондацијата го поткрепува со законот кој што беше објавен во Службен весник пред една недела.

„Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги“, пишува во законот.

Министерот за правда Кренар Лога оваа измена на законот ја образложи со тврдењето дека вака ќе се избегнат можните злоупотреби на етничката припадност во постапката при вработување според етничкиот балансер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...