16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЕпископ Јаков: Нема да молчам и да се извинам на ЛГБТИ заедницата,...

Епископ Јаков: Нема да молчам и да се извинам на ЛГБТИ заедницата, подготвен сум и на СУД да одам.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е правна шарада која е недозволива, но сега е озаконета со законот за недискриминација кој ги дава првите плодови на злото што се подготвува за сите нас. Оваа тоталитаристичка одлука е во духот токму на оној Секретаријат што се планира со предлог-Законот за родова еднаквост, за кој цело време предупредувам, а кој ќе биде со далеку поголеми ингеренции од оние на оваа ситна и мала Комисија – пишува епископ Јаков.

<

Викарниот Епископ Стобиски Јаков во отворено писмо до јавноста ѝ одговори на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дека нема намера да се извини за своите изјави кон ЛГБТ популацијата во земјава, и нема намера да се воздржи од јавни обраќања на оваа тема, како што побара од него Комисијата.

Во својот одговор до Комисијата, кој ви го пренесуваме во целина, епископот Јаков дава поширок контескт на настаните што ѝ претходеле на одлуката на Комисијата:
Неодама добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажав ставови кои ги потврдуваат врвни светски стручни лица, доктори, психолози и психијатри – дека за некој да биде трансродов, треба да биде дијагностициран со патолошката состојба наречена родова дисфорија или растројство на родовиот идентитет. Се разбира, јас веднаш одговорив на таквите обвинувања и испратив детален одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во кој понудив линкови од светски реномирани медиуми, прирачници за психијатри, изјави од доктори и психолози, кои ги потврдуваат изнесените ставови. Воедно, во мојот одговор поднесов и линк од веб-сајтот на подносителот на претставката, Субверзивен фронт, каде самите тие велат дека „транссексуалните личности се луѓе кои патат од она што во медицината се нарекува родова дисфорија“ и дека тоа е „медицинска состојба“.

Иако во самата емисија јас бев доста јасен и концизен дека Црквата го љуби секој човек, без разлика колку и да е грешен, и дека на секој што страда треба да му се помогне, и иако во одговорот образложив дека насилство може да се смета тоа што подносителот на претставката сака да го смени природниот ред и општоприфатениот установен начин на однесување со тоа што сакаат да прифатиме дека маж може да стане жена и да се натпреварува во сите општествени сфери со жените, Комисијата реши дека јас сум ги повредил чувствата на, како што вели Ирена Цветковиќ, помалку од 100 трансродови лица, и тие се чувствувале многу вознемирени. Колку вознемирени биле и како ја оцениле вознемиреноста, тоа не знаеме.

По некои недефинирани правила, Комисијата решила на оваа претставка да припои уште една претставка, овојпат од Коалиција Маргини, која е доставена до Комисијата месец дена после првата, притоа без воопшто да ме известат за истата и без да ми дадат легитимно законско право да одговорам.

Внимавајте, ми испраќаат претставка за искажани ставови по однос на родот и родовиот иденетитет, нешто што не постои во нашите закони, кое не е ниту дефинирано ниту правно признато. И не само тоа, туку и наведуваат дека сум дел од некаква мобилизација против родовата еднаквост и ЛГБТИ правата која е финансирана од САД, дека мене некој ме плаќа за да си го љубам народот и децата. Патем, тие обвинуваат, а докази, се разбира немаат доставено зашто не постојат. Наведуваат дека родовата дисфорија е депатологизирана и ставена во „состојби поврзани со сексуалното здравје“, а намерно изоставаат да кажат дека депатологизација не може да се изврши кога сè уште стои во класификација за болести и сродни здравствени проблеми и самиот збор „состојба“ на англиски значи – здравствен проблем.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...