16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден, далечната 1906 година за да не падне жив во...

На денешен ден, далечната 1906 година за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоубива прилепскиот војвода Ѓорѓи Ацев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 25 јуни 1906 прилепскиот војвода Ѓорѓи Ацев, по тешка борба против великосрпска платеничка чета, бил ранет и за да не падне жив во рацете на непријателот се самоубил.

<

По една акција на четата на војводата Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата бил ранет, а за да не биде заробен, се самоубил. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, според едни извори во 1883, а според други 1884 година.

Ѓорѓи (Гога) Ацев кој носел и псевдонимот Срцето по завршувањето на Педагошкото училиште во Скопје, работел како учител во Тиквешко. По Илинденското востание се приклучил кон ВМОРО, како четник во четата на неговиот брат Петар, а од 1905 година бил војвода на своја чета. Во текот на својата четничка кариера, Ѓорѓи Ацев водел повеќе борби против турските власти и против србомански и грчки андартски чети во Македонија.

Во септември 1905 година, во близина на селото Полог, ги разбил гркоандартските чети на Маринос Либеропулос, составени од Критјани и гркомански – грковлашки четници.

На 25 јуни 1906 година бил предаден при извршување на казнена акција во селото Крапа при што неговата чета била нападната од четата на србоманскиот војвода Григор Соколов(иќ) – Ламе.

(фото: Војводата Ѓорѓи Ацев (лево), Наум Јосифов (во средината) и Петар Георгиев (десно)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...