16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВладиката Давид опоменува: Пратениците што ќе гласаат за родова еднаквост, може да...

Владиката Давид опоменува: Пратениците што ќе гласаат за родова еднаквост, може да бидат лишени од крштевки, венчавки, погреби и богослужби

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратениците што ќе гласаат „за“ законот за родова еднаквост се соочуваат да бидат исклучени од црковната заедница. Тие би биле лишени од свештенодејствија, односно за нив ќе биде забрането извршување на црковните обреди, како што се крштевки, венчавки и погреби. Ваква јавна опомена до нив упати викарниот епископ на Скопската епархија Давид

<

Во пресрет на утрешниот сенароден собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост, организиран од МПЦ-Охридска архиепископија, на својот блог, Епископот Дремвитски оценува дека законското решение за родова еднаквост е израз на најновиот вид анархија, продуцирана директно од државата бидејќи таа не го слуша гласот на народот. Владиката Давид вели дека црквата нема против правото на избор, но дека е недозволиво насила да се наметнува стилот на живеење на некоја минорна група.

„Да не постои погрешно разбирање, црквата никогаш не ги осудува и не е против луѓето кои имаат некаков свој, меѓу другото, и сексуален избор. Тоа е нивен личен избор, кој се однесува на нивната совест. Истовремено, црквата одлучно смета дека тие луѓе не смее да бидат подложени на дискриминација или на казни! Од друга страна, пак, не е возможно да биде дозволен еден специфичен вид ‘апартхејд’, поточно едно издвојување на каква било минорна трансродова група, која на тоталитаристички начин ќе му го наметнува својот стил на постоење на севкупното општество. А, новиот предлог-закон за родова еднаквост го има токму трансхуманизмот како своја појдовна точка: се искоренува досегашниот модел на човек со сето негово достоинство и историја и се воведува нов модел на човек, кој лебди на површноста од своето постоење. На крајот на краиштата, христијанскиот модел на човек секогаш подразбира сопостоење со другиот, кој и да е тој, додека постчовечкиот модел ја подразбира слободата единствено како целосна ослободеност од другиот, како поништување на различниот!!“,

пишува тој на својот блог.

Сепак, викарниот епископ на Скопската епархија укажува дека е свесен за фактот дека државата е секуларна и дека црквата нема право да донесува закони во Собранието, па според тоа, доколку законот биде изгласан, тој ќе мора да биде почитуван. Но, тој потсетува дека, за разлика од државата, црквата има свои внатрешни правила.

„Затоа, ќе треба внимателно да се запишат имињата и презимињата на оние народни пратеници, кои евентуално би кренале рака за спомнатиот закон за родова еднаквост, поточно – закон за дехуманизација! Потоа, црквата, секако доколку посака, може да размисли и да одлучи, пратениците, кои би го поддржале законот, кондиционално да ги лиши од сите свештенодејствија, кои тие, очигледно само од адет, би милувале да ги прават. Значи, доколку се декларираат како христијани, тие пратеници би биле лишени од крштевки, венчавки, погреби и сите други богослужби, кои го сочинуваат свештенотаинскиот живот на црквата, барем до мигот кога јавно ќе се преумат. На тој начин, не само поединци, туку сите заедно како општество, хармонично, еманципирано и без анархија, во мир и целосно меѓусебно почитување, ќе можеме да ги уживаме благодатите кои ги нуди секуларното општествено уредување“,

вели владиката Давид Дремвтиски.
За утре во Скопје е закажан сенароден собир организиран од МПЦ-Охридска архиепископија. Ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски”.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...