16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМладата мајка на две деца која си го одзеде животот секојдневно била...

Младата мајка на две деца која си го одзеде животот секојдневно била тепана и заклучувана од страна на нејзиниот сопруг !!!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Младата мајка на две деца која си го одзеде животот во радовишкото село Тополница, со години живеела под притисокот на силната љубомора, контрола, доминација и заклучување во куќата од страна на нејзиниот повозрасен сопруг, тврдат анонимно роднини и соселани на жената за „Слободен печат“.
Тие велат, дека единственото место каде излегувала жената било на породување и на лекар, и тоа со придружба на сопругот. Меѓутоа, тие никому не му ги пријавиле тие сознанија. Никој не реагирал ни на податокот што таа била омажена на само 13 години за човек кој претходно живеел во куќата со нејзината мајка. Мажот во полиција не бил пријавен ни од неговата претходна сопруга и покрај тоа што од него била прободена од нож и морала да биде хоспитализирана во штипската болница. Таа од бракот избегала пред 18 години, поради честите тепања, економската злоупотреба на екс-сопругот и поради тоа што не дозволувал да го напушта домот, дури ни за да оди кај мајка и на гости. Поради насилството, односно тоа што постојано била тепана, решила да си оди од бракот и да се спаси. „Слободен печат“ беше во Тополница и во околните села. Истражувавме како живеела девојката која во аманет остави проштална видео порака во која наведе шест лица како поттикнувачи или причинители за нејзиното самоубиство, а за едниот од нив, кажа дека и го дал отровот. Многу брзо стана јасно дека животот кој водел до самоубиство бил репресивен и нерегистриран ниту од системот на МВР ниту од системот на социјалните служби иако сите податоци им биле пред носот, а во Тополница не живеат повеќе од 450 луѓе.

<

Мирослава Симоновска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...